(+389) 3134-534

Бул.Крсте Мисирков 28, Скопје bul. Krste Misirkov 28, Skopje

Делокруг на работа: Вршење на здравствена дејност од областа на есенцијалните јавно-здравствени функции. 

Начини и форми на раководење: Стручен колегиум со работниците во службата заради спроведување и унапредување на квалитетот на здравствената дејност.

Мисијата на Службата за здравствена заштита на мајките и децата (СЗЗМД) е да го заштити и унапреди  здравјето и благосотојбата на мајките и децата во Р.С.Македонија.

Раководител 
д-р Сирма Кировска Костурска

 

Зошто мајките и децата?

Унапредувањето на здравјето на мајките и децата како две најранливи популациони групи, продолжува да биде еден од најважните приоритети на владите на секоја модерна држава. Република Северна Македонија има направено многу во подобрувањето на здравствениот статус на мајките и децата и има постигнато значаен напредок во редукцијата на матерналната, доенечката смртност и смртноста на децата. Овие здравствени индикатори го отсликуваат не само здравствениот статус на населението во целост туку претставуваат и важни показатели на квалитетот на здравствениот систем на земјата. Иако здравјето на мајките и децата навидум претставуваат различни предизвици, тие се нераскинливо поврзани во нивното унапредување Службата за здравствена заштита користи интегриран пристап, почнувајќи од планирање на семејството, грижа за време на бременоста и породувањето, грижа за време на перинаталниот и доенечкиот период, периодот на раното детство како и периодот на адолесценција.

Историјат на Службата

Заводот е основан 1957 година со одлука на Владата на СРМ и со финансиска помош од УНИЦЕФ. Со интеграцијата на Здравствен Дом Скопје во 1971 година, заводот стана работна единица на Здравствен Дом – Скопје и со своите активности се вклучи поинтензивно во спроведување на превентивните активности на подрачјето на градот Скопје, но и понатаму продолжи да ги исполнува задачите на државно ниво. Со систематизацијата на работни места од 2017, Заводот се преименува во Служба за здравствена заштита на мајки и деца.

 Активности:

Службата преку својата работа во доменот на есенцијалните јавно-здравствени функции, обезедува интегриран и холистички пристап во унапредување на здравјето на овие две највулнерабилни групи население, преку следниве активности:  

Следење на здравствената состојба и заштита на мајките и децата

  • Следење, обработка и анализа на податоци од виталната и здравствената статистика во доменот на здравствената заштита и состојба на мајките и децата  во Р.Македонија
  • Развивање на системи за мониторирање на индикаторите на здравствениот статус на децата во однос на социјална нееднаквост и социоекономски субгрупи
  • Следење на стапката на смртност на доенчиња, неонаталната и стапката на перинаталната смртност во Р.Македонија, 
  • Предлагање на мерки за унапредување на здравјето на децата, адолесцентите и жените во репродуктивен период.
  • Изготвување на информација за здравствената состојба на жените и децата во Р.Македонија

Јакнење на капацитетите на здравствените работници

  • Изготвува тренинг материјали (модули и прирачници) наменети за обуки на здравствени работници
  • Континуирани тренинзи и работилници за едукација на поливалентните патронажни сестри за сите аспекти на безбедното мајчинство (семејно планирање, антенатална заштита, грижа за мајката и новороденчето во постнаталниот период, советување за доење и комплементарна исхрана, правилен раст и развој на новороденчињата и малите деца вклучувајќи ги и децата родени со ризик  како и  за аспектите на здравјето на  адолесцентите и совети на жените за потребата од редовна грижа за репродуктивното здравје
  • Континуирани тренинзи и работилници за преветивните тимови кои работат со деца од предучилишна возраст вклучувајчи ги и децата родени со ризик од областа на промоција на ексклузивно доење, правилна исхрана, ран детски  развој, рационална употреба на антибиотици, значењето на редовната имунизација во унапредување на здравјето, превенција од повреди во раното детство итн.
  • Врши стручно-методолошки надзор преку теренски посети на превентивните тимови и патронажната служба

 Здравствено-промотивна дејност

  • Изготвување, печатење и дистрибуција на здравствено-промотивни материјали: водичи, брошури, летоци, постери, инфографици итн., наменети за здравствени работници, родители, адолесценти и други групи на население на теми поврзани со здравјето на мајките, децата и адолесцентите.
  • Учество во јавно-здравствени кампањи, како одбележување на Европската Недела на имунизација, Светската недела на доење и др.

Учество во креирање на политики за унапредување на здравјето на мајките и децата

  • Соработува со релевантни министерства, институции, агенциите на ООН со цел унапредување на интерсекторската соработка (по принципот – цела влада).
  • Членува во советодавни тела на Министерството за здравство (Комитет за безбедно мајчинство и здраво новороденче, Комитет за унапредување, поддршка и заштита на доењето, Комитет за имунизација)
  • Учество во изготвување на стратешки документи во доменот на сексуалното и репродуктивното здравје (програми, акциони планови, стратегии, упатства)
  • Учество во истражувања и информирање на креаторите на политики и давање предлози и препораки за унапредување на постоечката пракса, политики и легислатива во доменот на безбедното мајчинство.

Јакнење на социјалната партиципација и партнерство со заедницата преку соработка со граѓански здруженија, здруженија на жени, ромски невладини здруженија

  • Учество во заеднички активности, како истражувања, работилници, активности за застапување, обуки, трибини, работни состаноци итн. со цел поголема соработка со претставниците на граѓанските здруженија, заедницата и граѓаните и инкорпорирање на нивните предлози во креирање на политиките кои го засегаат здравјето на мајките и децата (по принципот – цело општество).

 

Активности на ниво на Здравствен Дом на Скопје, Скопје

 

– Изготвува периодични и вонредни требовања за вакцини и ја координира набавката на вакцини по општини, и изготвува збирен извештај за движење на залихите на вакцини во тековната година.

– Учествува во изработка на годишни планови за работа на превентивните тимови во Здравствен дом- Скопје.

– Дава стручна помош на здравствениот кадар  кој работи во превентивната заштита на децата поврзано со новини во имунизација, водење на здравствена евиденција и документација,

– Собира податоци за породени жени од град Скопје од сите породилишта и ги дистрибуира до патронажните служби по општини и врши советување на породилките во породилиштата непосредно по породувањето за успешно воспоставување на доењето.

 

Зошто сме  присутни ?

– Во Македонија постојат околу 500.000 жени во репродуктивен период и околу 500.000 мали деца и адолесценти
– Секоја година се раѓаат околу 22.000 бебиња
– Над 500.000  деца и адолесценти  секоја година имаат потреба од заштита на нивното здравје но и од бихејвиорални ризик фактори
– Голем број на семејства со мали деца  имаат потреба од подршка во нивните настојувања да обезбедат здрав почеток на живот  на нивните новороденчиња и  подршка во обезбедување на нивниот оптимален раст и развој  
– Околу 300 000 адолесценти имаат потреба од социјална  подршка во унапредување на нивното сексуaлно  и репродуктивно  здравје како и примена на здрави животни стилови кои обезбедуваат квалитет на живот во адултната возрaст.

Кои се целите ?

– Континуирано обезбедување на ефективни и ефикасни превентивни здравствени услуги кај децата и жените од репродуктивен период поврзани со безбедно мајчинство и правилен раст и развој на децата.
– Зголемување на достапноста, квалитетот и одржливоста на услугите од превентивна здравствена заштита на мајките и децата.
– Зајакнување на капацитетите на родителите, членовите  на потесното семејство и локалната заедница во унапредување на  раниот детски развој во рамките на семејството.
– Ублажување на влијанието  на  социјалните детерминанти (сиромаштија и социјална нееднаквост) врз развој на неповолни здравствени индикатори кај мајките и децата.
– Понатамошно намалување на стапката на смртност на доенчињата и малите деца.
– Намалување на перинаталната смртност.
– Целосен опфат на децата со имунизација.
– Целосен опфат  на бремените жени со квалитетна антенатална заштита
– Целосен опфат на бремените жени со породувања со стручна помош и мерки за перинатална заштита на родилките.
– Подигање на нивото на информираност на родителите за принципите на правилен раст и развој на децата.
– Зајакнување на капацитетот на Службата за прибирање и раководење со епидемиолошки податоци кои се потребни за креирање на ефикасни Програми за унапредување на здравјето на мајките и децата.

Нашата визија …

Преку разни активности и програми, Службата настојува во иднина да креира амбиент во кој:

  • Сите бремености  ке бидат планирани.
    Сите жени ќе достигнат оптимално ниво на здравје потребно за здрава и безбедна бременост.
    • Ниедна жена нема да се соочи со тешко оштетување  на здравјето или смрт поради бременост и породување.
    • Сите бебиња ќе се родат здрави.
  • Сите бебиња ќе бидат доени екслузивно до 6 месеци, и паралелно со воспотавување на комплементаран исхрана, до 2 години, спред препораките на Свестката здравствена организација.
    Сите деца и адолесценти ќе достигнат оптимално ниво на здравје и благосотојба.
    • Сите жени,  новороденчиња, мали деца и адолесценти ќе имаат пристап до квалитена здравствена заштита  вклучувајќи ги услугите од областа на планирање на семејството,  заштита  за време на бременоста и породувањето, мониторирање  на растот и развојот кај децата и зајакнување на вештини кај адолесцентите за примена на здрави животни стилови.
    • Елиминација на сите нееднаквости во здравјето.