(+389) 3134-534

Бул.Крсте Мисирков 28, Скопје bul. Krste Misirkov 28, Skopje

Делокруг на работа: Спроведување на здравствени третмани и медицинска рехабилитација на деца и младинци.

Начини и форми на раководење: Стручен колегиум со главен здравствен работник и со другите работници во службата заради спроведување и унапредување на квалитетот на здравствените услуги. 

Раководител 

д-р спец. Биљана Аризанкоска Ефтимова

 

  •  

  •  

  •  

  •  

  •  

  •  

  •  

  •  

  •  

  •  

  •  Љаурета Рамадан

    Дефектолог

  • Фатиме Бериша

    Логопед

     

  • Сенад Јакупи

    Социјален работник

      

ЈЗУ ”ЗДРАВСТВЕН ДОМ НА СКОПЈЕ”-СКОПЈЕ
ОЕ-Завод за ментално здравје за деца и младинци ”Младост”

Бул.”Партизански одреди”бр.60а Скопје
тел.3 061-509; факс 3 068-307 локал 133,
e-mail: zmzmladostskopje@gmail.com

НЕМА ЗДРАВЈЕ БЕЗ МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ

 

ЗМЗ„Младост“  е централна национална институција фокусирана на превенција и унапредување на менталното здравје на деца и младинци, како и следење на нивниот  писхо-моторен раст и развој.  Завод за ментално здравје на деца и младинци “Младост” Скопје е формиран 1958 год. по иницијатива на Д-р Теодосиевски, педијатар во Белодробната болница во Козле, првенствено како Медицинско-педагошко советувалиште за деца, а од 1974 год. работи како Завод за ментално здравје на деца и младинци “Младост” како самостојна установа, а од 1987 г. работи во рамките на „Здравствен дом„  Скопје. Од своето основање па до денес, Заводот го антиципира развојот на трендовите во современата медицина и потребите на пациентите во своето динамично опкружување. Актуелно, функционира како единствен дијагностички центар за аутизам во кој се врши рана детекција, ран јтретман и рехабилитација на децата со аутизам, други первазивни растојства и децата со посебни потреби.  Исто така нуди и семејна и индивидуална психо-терапија, психотерапевстски интервенции при развод на родители, прави категоризации, судски вештачења, ЕЕГ снимање, цитогенетски испитувања и други дејности, базирајќи се на интердисциплинарен пристап, се со цел подобрување на  менталното здравје како и  севкупната психофизичка благосостојба на пациентите.

Со својата основна дејност- заштита и унапредување на менталното здравје на децата и младинците – спроведува примарна и секундарна заштита на менталното здравје на деца од најрана возраст, предучилишни, училишни деца, адолесценти до 26 години заедно со нивните семејства. Со својот мултидисциплинарен тим составен од лекари специјалисти и разни профили на здравствени соработници оваа институција е единствена од ваков  вид  во Република Македонија. Тука нашите пациенти на едно место добиваат услуги за рано дијагностицирање, лекување и ран третман  и рехабилитација на состојби и потешкотии кои отстапуваат од очекуваниот физиолошки развој за одредена календарска возраст кај децата

.

  • Стручниот тим го сочинуваат: лекари специјалисти и здравстени соработници од областа на психологија, дефектологија, логопедија, педагогија, социјална работа.

 

Стручното работење на мултицисциплинарниот тим е организирано во одделенија  како посебни делови во процесот на трудот.

A.ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ДИСПАНЗЕРСКА ЗАШТИТА НА МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ

 

 

  1. Отсек за следење на нормален психомоторен развој, психопатологија во предучилишна возраст и аутизам

 доктор на медицина специјалист  психијатар                                               

– доктор на медицина специјалист  педијатар                                

– дипломиран психолог-самостоен стручен соработник          

– дипломиран логопед-самостоен стручен соработник            

– дефектолог – магистар по дефектолошки  науки   

Во овој отсек се третираат следниве состојби: аутизам и други первазивни растројства, потешкотии со говорот, дизлалија, развојна дисфазија, хиперкинетско однесување, АДХД, дисхармоничен развој, емоционални растројства, интелектуален дефицит, даунов синдром, церебрална парализа, епилепсија и др.  

 

 

  1. Отсек за проблеми и психопатологија во училишна возраст

–  доктор на медицина- специјалист психијатар                            

– дипломиран психолог-самостоен стручен соработник                      

– дипломиран педагог- самостоен стручен соработник            

– дипломиран дефектолог-самостоен стручен соработник                            

– дипломиран логопед-самостоен стручен соработник             

Во овој отсек се третираат следниве состојби: потешкотии во совладување на училишните вештини, диспраксија, дислексија, дискалкулија, потешкотии во воспоставување на социјални релации, тикови, пелтечење, енурезис ноктурна, растројство во однесувањето и емоциите, емоционални проблеми поврзани со развод на родители и растурање на семејството, психотерапевтски интервенции  со деца и со родители и т.н.

 

  1. Отсек за адолесценти и работа со нивни фамилии

– доктор на медицина- специјалист  психијатар                            

– психолог, специјалист по медицинска психологија                   

– дипломиран социјален работник-самостоен стручен соработник

 

Во овој отсек се третираат следниве состојби: адолесцентна криза, анксиозно растројство, депресивни епизоди, психотични растројства, зависности, семејна психотерапија и т.н.

 

  1. Отсек за попреченост во психофизичкиот развиток

Во овој отсек се врши категоризација и распоредување на лицата со ментална ретардација, аутизам и слабовидни лица со претходно закажан електронски термин „Мој термин„ преку матичниот лекар на пациентот.

 

За ова  постојат 3 комисии кои работат со закажување на „Мој термин“ преку матичен лекар:

 

  • Комисија за распоредување на деца/лица со пречки во психичкиот развој (ментална ретардација)
  • Комисија за распоредување на деца со аутизам,
  • Комисија за распоредување на деца/лица со пречки во видот – слепи/слабовиди. 

Комисија за распоредување на деца/лица со пречки во психичкиот развој (ментална ретардација) и Комисија за распоредување на деца/лица со аутизам- вторник и четврток во 08 ч. и во 09 ч.

Комисија за распоредување на лица со пречки во видот кај Проф.Др Мирјана Ќаева, педијатар – среда и петок во 08 ч. и во 09 ч.

 

– доктор на медицина-специјалист  психијатар                             

– дипломиран психолог – самостоен стручен соработник        

– дипломиран социјален работник – самостоен стручен соработник         

– дипломиран дефектолог- самостоен стручен соработник   

РОДИТЕЛИ КОИ ИМААТ ПОТРЕБА ОД РЕКАТЕГОРИЗАЦИЈА НА ДЕТЕ СО АУТИЗАМ НАД 10 ГОДИНИ ДА СЕ ЈАВАТ ЕДЕН ДЕН ПРЕД ЗАКАЖАНИОТ ТЕРМИН КАЈ РАКОВОДИТЕЛОТ  Др Лидија Т.Попоска, психијатар (3065-711 И 3061-509 ЛОКАЛ 113 ИЛИ 109, 075/327-942).

 

  1. Отсек за ортодонција

     – специјалист стоматолог-ортодонт                                                     

     – стоматолошка сестра-техничар

  1. Приемна служба

– администратор

– медицинска сестри-техничар                                                              

 

Б. ОДДЕЛЕНИЕ ЗА НЕУРОФИЗИОЛОГИЈА СО КАБИНЕТ ЗА ЕЕГ

 

– доктор на медицина-специјалист невролог/психијатар                                                   

– медицинска сестра-техничар

Во ова одделение се врши електроенцефлориграфија – снимање на паценти со претходно закажување во Кабинетот кај медицинската сестра и претходна припрема на пациентот.            

                                                              

В. ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЦИТОГЕНЕТСКО   ИСПИТУВАЊЕ

 

     – доктор на медицина-специјалист педијатар-генетичар            

     – специјалист на биолошки науки група генетика                          

     – лабораториски техничар

Во состав на ЗМЗ Младост функционира цитогенетска лабараторија со медикогенетско советувалиште каде што со примена на познати методи и нивно усовршување, проучување и воведување на нови методи се откриваат нумерички и структурни аберации на хромозомите преку крв при што се прави дијагностија и превенција на психичка и физичка попреченост.

         Во тек се подготовките за воведување и примена за FICH методологија за која имаме комплетна лабораториска опрема.

         Лицата кои имаат попреченост во психичкиот развој или имаат тешки наследни заболувања во фамилијата, според Законот за склучување брак, можат да склучат брак само после направена цитогенетска анализа во овој Завод.

Во својата секојдневна работа и секојдневните активности поврзани со основната дејност Заводот работи според Законите:

  • Закон за основно и средно образование
  • Закон за социјална заштита
  • Закон за детска заштита
  • Закон вработување на инвалидни лица
  • Закон за здравствена заштита
  • Закон за пензиско осигурување – на лица со пречки во развој
  • Закон за работни односи

и многу правилници што произлегуваат од Законите.

Во секојдневната работа Заводот соработува со други установи – градинки, училишта, посебни училишта, Центри за социјална работа од РМ, Фонд за здравствено осигурување, Фонд за пензиско и инвалидско осигурување, Агенции за вработување, Министерство за здравство, Министерство за труд и социјална заштита и други .

Ваквото функционирање на Заводот овозможува рано дијагностицирање, третман, лекување и рехабилитација на проблемите од менталното здравје на децата и младинците обезбедувајќи посовремена и постручна работа во областа на менталното здравје при што постојат услови за понатамошно унапредување, развој и проширување на овој вид на здравствена заштита.

Целокупната работа ја организира и координира раководител,

 доктор на медицина–специјалист психијатар и тимот кој му помага: правен советник  на ОЕ – дипломиран правник, Гл.медицинска сестра, технички секретар, домаќин-економ, хигиеничарки.

 

Телефон за контакт:  3 061-509;     3 065-711

 

Распоред на вработените по спратови и број на соба.

I SPRAT

Dr QUBINKA DAMJANOVI]

PSIHIJATAR

102

MARGA DRAGALSKA

ROZETA MANASIEVSKA

SNE@ANA DIMITRIEVSKA

E E G

EEG

GL.MED.SESTRA

106

FIKRETA RAHIM

PEDAGOG

103

BLAGICA KIPRIJANOVSKA

VER^E NAUN^EVSKA

HUMNIJE TEFIKU

KARTOTEKA

101

REXIE QA^I

LINDITA MUSTAFA

DEFEKTOLOG

PSIHOLOG

108

SENAD JAKUPI

SOC.RABOTNIK

104

FATIME BERI[A

RAMADAN LAURETA

LOGOPEDI

107

II SPRAT

DR LIDIJA T.POPOSKA

PSIHIJATAR, Rakovoditel

113

KATERINA GALESKA

PSIHOLOG

111

MARIJA NAJDOVSKA

PEDAGOG

114

DR BIQANA A. EFTIMOVA

PSIHIJATAR

115

EROL RAHIM

SOC.RABOTNIK

100

PETROVA TATJANA

PETROV YVONKO

TEH.SEKRETAR

DOMA]IN

110

SUZANA JOVANOVSKA

\ULATMAN ILIJAZ

HIGIENI^ARKI

 

III SPRAT

PROF.MIRJANA P. ]AEVA

PEDIJATAR

118

KATINA PAVLOSKA

PSIHOLOG

117

SNE`ANA NIKOLOVA

DEFEKTOLOG

124

SVETLANA BOGDANOVSKA

BIOLOG

119

BIQANA J.MARI^I]

PSIHOLOG

123

NADE MIR^EVSKA

LOGOPED

121

NELA BLA@EVSKA

LABORANT

119

ELENA STEPANOSKA

LOGOPED

116

VESNA SPASOVSKA

DEFEKTOLOG

121

IV SPRAT

VESNA ROHR

Psiholog

125

ROZI DUROVSKA

DEFEKTOLOG

126

VANESA ANDONOVA

DEFEKTOLOG

126

ZDENKA STAMENOVA

DEFEKTOLOG

126

ANTONIO ALEKSOSKI

SOC.RABOTNIK

126