(+389) 3134-534

Бул.Крсте Мисирков 28, Скопје bul. Krste Misirkov 28, Skopje

Магнетната резонанца претставува посебна предност и придобивка над другите методи, бидејќи ни нуди добивање на повеќе информации во споредба со CT-компјутерската томографија.

Посебна придобивка од магнетната резонанца е тоа што нема апсолутно никакво зрачење а се добива максимален квалитет од дијагностичка гледна точка. Во спoредба со другите дијагностички иследувања MR претставува најдобра дијагностичка процедура која ни нуди детална визуелизација на целото тело.

Рентгенските зраци се еден вид на светлосен зрак, многу сличен на вообичаената светлина која ја гледаме секој ден. Разликата помеѓу видливата светлина и рентгенските зраци е брановата должина на зраците. Човековото око не може да забележи светлина со подолги брановни должини, како радио брановите, или светлина со пократки бранови должини, како рентгенските зраци. Рентгенските зраци можат да поминат преку неметални предмети, вклучувајќи ги и човечките ткива и органи. Апаратот за рентгенски снимки е како џиновска камера која им овозможува на докторите да видат што се случува одвнатре во телото на пациентот, без притоа да мора да направат операција.

ДИГИТАЛНАТА МАМОГРАФИЈА Е ДИЈАГНОСТИЧКА МЕТОДА ПРИ КОЈА СО НИСКА ДОЗА РЕНТГЕН ЗРАЧЕЊЕ СЕ ВИЗУАЛИЗИРАТ ТКИВАТА НА ДОЈКА.

Дигиталната мамографија е дијагностичка метода при која со ниска доза рентген зрачење се визуализират ткивата на дојка.
Предностите на мамографијата се високота резолуција, можноста да се визуелизираат мали патолошки промени како и пониската доза јонизирачко зрачење.