(+389) 3134-534

Бул.Крсте Мисирков 28, Скопје bul. Krste Misirkov 28, Skopje

ноември 27, 2019

Новости

Седма година по ред се одбележува Европската недела за тестирање на Хепатитис и ХИВ.

Седма година по ред се одбележува Европската недела за тестирање на Хепатитис и ХИВ.
Оваа година за првпат,ЈЗУ Здравствен дом Скопје ќе биде вклучен во кампањата во период од 22-ри до 29-ти Ноември 2019г.
ЈЗУ Здравствен Дом Скопје како најголема јавна здравствена установа, со огромно задоволство ќе се вклучи во кампањата и ќе го даде својот придонес со активно учество, сѐ со цел да се зголеми свесноста и пристапноста кон тестирање и третман на Хепатитис и ХИВ.
Како пилот-проект, годинава, во соработка со Хепар Центар Битола, ЈЗУ Здравствен Дом Скопје ќе спроведе бесплатно тестирање за Хепатитис и ХИВ во биохемиската лабораторија во Поликлиника Бит пазар во наредните три дена и тестирање во амбулантата во затворот Идризово за затворениците.
Сакаме да ги информираме граѓаните и да упатиме апел да ја искористат можноста за бесплатно тестирање, да ги информираме за придобивките од тестирање и поддршка, односно да ги мотивираме сите оние кои имаат ризик од Хепатитис и ХИВ да се тестираат.
Целата кампања е насочена кон превенција и спречување на ширењето на Хепатите. Ние како Здравствен дом Скопје со активно учество ќе придонесеме за подигање на свеста и разбирањето, со цел за спречување и елиминирање на оваа болест и спасување на човечки животи.