(+389) 3134-534

Бул.Крсте Мисирков 28, Скопје bul. Krste Misirkov 28, Skopje

декември 11, 2019

Новости

„Денови на психологијата“

По повод „Денови на психологијата“, претставници од Службата за ментално здравје на деца и младинци „Младост“ од Здравствениот Дом Скопје реализираа настан на тема „Насилство – препознавање и третман“.
Работилниците беа со интерактивен карактер и создадоа голем интерес.
Реализатори на настанот беа лиценцираните психолози Селма Јашари – Смаиловиќ, Весна Рохр и Линдита Мустафа.
Нашата професија има една главна задача – да биде чувар на менталното здравје. Ќе продолжиме и понатаму во презентирање и разоткривање на нејзината неопходност за сите нас.
Голема благодарност за учесниците кои несебично го дадоа својот придонес во остварување на целиот настан.