(+389) 3134-534

Бул.Крсте Мисирков 28, Скопје bul. Krste Misirkov 28, Skopje

Служба за ментално здравје на деца и младинци „Младост“ – Скопје

Делокруг на работа: Спроведување на здравствени третмани и медицинска рехабилитација на деца и младинци со посебни потреби.

Начини и форми на раководење: Стручен колегиум со главен здравствен работник и со другите работници во службата заради спроведување и унапредување на квалитетот на здравствените услуги. 

  • Д-Р Лидија Попоска Трпеска

    Специјалист психијатар

  • Д-Р Косара Оропан Атанасоска

    Специјалист психијатар

  • Д-Р Мирјана Ќаева Пејковска

    Проф. Д-р Специјалист педијатар

  • Д-Р Олга Јотовска

    М-р Специјалист педијатар

  • Д-Р Николчо Симеонов

    Специјалист ортодонт

  • Д-Р Снежана Павловска

    Специјалист дефектолог

     

  • Д-Р Катина Павловска

    Специјалист психолог

  • Д-Р Катерина Галеска

    Специјалист психолог

  • Д-Р Билјана Ј.Мерцекиќ

    Специјалист психолог

     

  • Д-Р Зденка Стаменова

    М-р  Дефектолог

     

  • Д-Р Светлана Богдановска

    Специјалист биолог

  • Д-Р Рози Дуровска  

    Специјалист дефектолог

     

  • Д-Р Марија Најдовска

    Педагог

  • Ерол Рахим

    Социјален работник

  • Фикрета Рахим

    Педагог

  • Антонио Алексовски

    Социјален работник

  • Ванеса Андова

    М-р  Дефектолог

  • Надица Мирчевска

     Логопед

  • Весна Д.Цековска

    М-р Дефектолог

     

     

  • Љаурета Рамадан

    Дефектолог

     

  • Фатиме Бериша

    Логопед

     

  • Реџие Љачи

    Дефектолог

     

  • Сенад Јакупи

    Социјален работник

     

 

ЈЗУ ”ЗДРАВСТВЕН ДОМ НА СКОПЈЕ”-СКОПЈЕ
ОЕ-Завод за ментално здравје за деца и младинци ”Младост”

Бул.”Партизански одреди”бр.60а Скопје
тел.3 061-509; факс 3 068-307 локал 133,
e-mail: zmzmladostskopje@gmail.com

НЕМА ЗДРАВЈЕ БЕЗ МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ

 

ЗМЗ„Младост“  е централна национална институција фокусирана на менталното здравје, писхо-моторен раст и развој на децата и младите.  ОЕ Завод за ментално здравје на деца и младинци “Младост” Скопје е формиран 1958 год. под името Медицинско-педагошко советувалиште, а од 1974 год. работи како Завод. Од своето основање па до денес, Заводот го антиципира развојот на трендовите во современата медицина и потребите на пациентите во динамично опкружување, а моментално функционира како единствен дијагностички центар за аутизам. Исто така нуди и семејна и индивидуална терапија, врши категоризации, врзши судски вештачења и други дејности, базирајќи се на интердисциплинарен пристап, се со цел подобрување на  менталното здравје како и  севкупната психофизичка благосостојба на поединците.

Со својата основна дејност- заштита и унапредување на менталното здравје на децата и младинците – спроведува примарна и секундарна заштита на менталното здравје на деца од најрана возраст, предучилишни, училишни деца, адолесценти до 26 години заедно со нивните семејства. Со својот мултидисциплинарен тим составен од лекари специјалисти и разни профили на здравствени соработници оваа институција е единствена од ваков  вид  во Република Македонија. Тука нашите пациенти на едно место добиваат услуги за рано дијагностицирање, лекување и ран третман  и рехабилитација на сосотојби и потешкотии кои отстапуваат од очекуваниот физиолошки развој за одредена календарска возраст кај децата,особено за децата со аутизам и другите первазивни растројства.

Стручниот тим го сочинуваат:

  • Специјалисти по педијатрија, психијатрија и неврологија

Здравствени соработници од областа на:

  • Психологија
  • Дефектологија
  • Логопедија
  • Педагогија
  • Социјална работа
  • Цитогенетика

 

Заводот функционира како ОЕ во рамките на Здравствен дом на град Скопје. Стручното работење е организирано во  организациони единици, односно одделенија  како посебни делови во процесот на трудот.

A.ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ДИСПАНЗЕРСКА ЗАШТИТА НА МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ

1. Отсек за следење на нормален психомоторен развој, психопатологија во предучилишна возраст и аутизам

доктор на медицина специјалист  психијатар                                               

– доктор на медицина специјалист  педијатар                                

– дипломиран психолог-самостоен стручен соработник          

– дипломиран логопед-самостоен стручен соработник            

– дефектолог – магистар по дефектолошки  науки   

Во овој отсек се третираат следниве состојби:                                     

    • аутизам и други первазивни растројства
    • потешкотии со говорот,дизлалија
    • развојна дисфазија
    • хиперкинетско однесување, АДХД
    • емоционални растројства,
    • интелектуален дефицит,
    • даунов синдром, церебрална парализа, епилепсија,идр.  

2. Отсек за проблеми и психопатологија во училишна возраст

–  доктор на медицина- специјалист психијатар                            

– дипломиран психолог-самостоен стручен соработник                      

– дипломиран педагог- самостоен стручен соработник            

– дипломиран дефектолог-самостоен стручен соработник                            

– дипломиран логопед-самостоен стручен соработник             

Во овој отсек се третираат следниве состојби:                                

  • потешкотии во совладување на училишните вештини
  • диспраксија
  • дислексија
  • дискалкулија,,
  • потешкотии во воспоставување на социјални релации
  • тикови
  • пелтеценје
  • енурезис ноктурна
  • растројство во однесувањето и емоциите
  • емоционални проблеми поврзани со развод на родители и растурање на семејството и др.
  • Психотерапевтски интервенции  со деца и со родители и т.н.

 

3. Отсек за адолесценти и работа со нивни фамилии

– доктор на медицина- специјалист  психијатар                            

– психолог, специјалист по медицинска психологија                   

– дипломиран социјален работник-самостоен стручен соработник

 

Во овој отсек се третираат следниве состојби:                                

 –  адолесцентна криза,

–   анксиозно растројство,

–   депресивни епизоди,

–   психотични растројства

–   зависности

–   семејна психотерапија и т.н.

 

4. Отсек за попреченост во психофизичкиот развиток

– доктор на медицина-специјалист  психијатар                             

– дипломиран психолог – самостоен стручен соработник        

– дипломиран социјален работник – самостоен стручен соработник         

– дипломиран дефектолог- самостоен стручен соработник   

Во овој отсек се врши категоризација и распоредување на лицата со ментална ретардација и аутизам со претходно закажан електронски термин Мој термин преку матичниот лекар на пациентот.

Во Заводот постојат 3 комисии:

  • Комисија за распоредување на деца/лица со пречки во психичкиот развој (ментална ретардација)
  • Комисија за распоредување на деца со аутизам,
  • Комисија за распоредување на деца/лица со пречки во видот – слепи/слабовиди

 

Комисија за распоредување на деца/лица со пречки во психичкиот развој (ментална ретардација) и Комисија за распоредување на деца/лица со аутизам- вторник и четврток во 08 ч.

СЕ ИЗВЕСТУВААТ СИТЕ РОДИТЕЛИ КОИ ИМААТ ПОТРЕБА ОД РЕКАТЕГОРИЗАЦИЈА НА ДЕТЕ СО АУТИЗАМ НАД 10 ГОДИНИ ДА СЕ ЈАВАТ ЕДЕН ДЕН ПРЕД ЗАКАЖАНИОТ ТЕРМИН КАЈ РАКОВОДИТЕЛОТ (3065-711 И 3061-509 ЛОКАЛ 113 ИЛИ 109, 075/327-942).

Комисија за распоредување на лица со пречки во видот (потребни два упата-1 за Завод за ментално здравје, 1 за Поликлиника Јане Сандански-Скопје, од 12:30-12:45 Д-р Златица Роглева) Понесете медицинска документација- среда и петок во 08 ч.

 

5. Отсек за ортодонција

     – специјалист стоматолог-ортодонт                                                     

     – стоматолошка сестра-техничар

6. Приемна служба

– медицинска сестра-техничар                                                              

– администратор

 

Б. ОДДЕЛЕНИЕ ЗА НЕВРОЛОГИЈА СО КАБИНЕТ ЗА ЕЕГ

– доктор на медицина-специјалист невролог                                                   

– медицинска сестра-техничар

Во ова одделение се врши електроенцефлориграфија – снимање на паценти со претходно закажување во Кабинетот кај медицинската сестра и претходна припрема на пациентот.                                                                          

В. ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЦИТОГЕНЕТСКО   ИСПИТУВАЊЕ

     – доктор на медицина-специјалист педијатар-генетичар            

     – специјалист на биолошки науки група генетика                          

     – лабораториски техничар

Во состав на ЗМЗ Младост функционира цитогенетска лабараторија со медикогенетско советувалиште каде што со примена на познати методи и нивно усовршување, проучување и воведување на нови методи се откриваат нумерички и структурни аберации на хромозомите преку крв при што се прави дијагностија и превенција на психичка и физичка попреченост.

          Во тек се подготовките за воведување и примена за FICH методологија за која имаме комплетна лабораториска опрема.

         Лицата кои имаат попреченост во психичкиот развој или имаат тешки наследни заболувања во фамилијата, според Законот за склучување брак, можат да склучат брак само после направена цитогенетска анализа во овој Завод.

Во својата секојдневна работа и секојдневните активности поврзани со основната дејност Заводот работи според Законите:

  • Закон за основно и средно образование
  • Закон за социјална заштита
  • Закон за детска заштита
  • Закон вработување на инвалидни лица
  • Закон за здравствена заштита
  • Закон за пензиско осигурување – на лица со пречки во развој
  • Закон за работни односи

и многу правилници што произлегуваат од Законите.

Во секојдневната работа Заводот соработува со други установи – градинки, училишта, посебни училишта, Центри за социјална работа од РМ, Фонд за здравствено осигурување, Фонд за пензиско и инвалидско осигурување, Агенции за вработување, Министерство за здравство, Министерство за труд и социјална заштита и други во име и за потребите на нашите пациенти.

Ваквото функционирање на Заводот овозможува рано дијагностицирање, третман, лекување и рехабилитација на проблемите од менталното здравје на децата и младинците обезбедувајќи посовремена и постручна работа во областа на менталното здравје при што постојат услови за понатамошно унапредување, развој и проширување на овој вид на здравствена заштита.

Целокупната работа ја организира и координира раководител, доктор на медицина–специјалист психијатар и тимот кој му помага:                                                                                                                                   

– правен советник  на ОЕ – дипломиран правник                            

– технички секретар                                                                                       

– домаќин економ                                                                                         

 – хигиеничар

Распоред на вработените по спратови и број на соба.

Телефон за контакт:  3 061-509;     3 065-711 

                                                                                             

I СПРАТ

    Број на локал Број на соба
Д-Р ГАИДАЅИС ИОАНИС               ПСИХИЈАТАР 102 2
ДРАКАЛСКА МАРГАРИТА           ЕЕГ 106 6
РОЗЕТА МАНАСИЕВСКА            ЕЕГ 106 6
РАХИМ ФИКРЕТА                 ПЕДАГОГ 103 3
КИПРИЈАНОВСКА БЛАГИЦА         НАУНЧЕВСКА ВЕРИЦА КАРТОТЕКА 101 1
РЕЏИЕ ЉАЧИ         ДЕФЕКТОЛОГ 108 8
Д-Р СИМЕОНОВ НИКОЛЧО              СТОМАТОЛОГИЈА 104 4
ФАТИМЕ БЕРИША ЛОГОПЕД 107 7

II СПРАТ

Д-Р ТРПЕСКА-ПОПОСКА ЛИДИЈА   

 

ПСИХИЈАТАР – РАКОВОДИТЕЛ  113 13
ГАЛЕСКА КАТЕРИНА              ПСИХОЛОГ 111 11
НАЈДОВСКА МАРИЈА              ПЕДАГОГ 114 14
Д-Р ЈОТОВСКА ОЛГА                 ПЕДИЈАТАР 115 15
РАХИМ ЕРОЛ                    СОЦ.РАБОТНИК 100 12
ПЕТРОВА ТАТЈАНА             ТЕХ.СЕКРЕТАР  110 10

III СПРАТ

ПРОФ.Д-Р ЌАЕВА-ПЕЈКОВСКА МИРЈАНА       ПЕДИЈАТАР 118 18
ПАВЛОВСКА КАТИНА              ПСИХОЛОГ 117 17
НИКОЛОВСКА СНЕЖАНА            ДЕФЕКТОЛОГ 124 24
БОГДАНОВСКА СВЕТЛАНА БИОЛОГ 119 19
БИЛЈАНА ЈАКИМОВСКА М. ПСИХОЛОГ 123 23
МИРЧЕВСКА НАДИЦА              ЛОГОПЕД 121 21
БЛАЖЕВСКА НЕЛА                ЛАБОРАНТ 119 19
ТРАЈАНОСКА ВАЛЕНТИНА         ПРАВНИК 116 16
ЦЕКОВСКА  ДЕБРЛИЕВА ВЕСНА               ДЕФЕКТОЛОГ 121 21

IV СПРАТ

Д-Р ОРОПАН КОСАРА ПСИХИЈАТАР 125 25
ДУРОВСКА РОЗИ                 ДЕФЕКТОЛОГ 126 26
ВАНЕСА АНДОВА      ДЕФЕКТОЛОГ 126 30
СТАМЕНОВА ЗДЕНКА              ДЕФЕКТОЛОГ 126 29
АЛЕКСОСКИ АНТОНИО СОЦ.РАБОТНИК 126 31

 

                                 

Доктор на медицина -специјалист, педијатар, генетичар
Врши  превентивни прегледи;

-Разгледува медицинска документација на новородено, доенче и мало предучилишно дете; зема анамнеза;

– Прегледува по системи и ја оценува здравствената и психофизичката состојба на детето;

– Дава специјалистички мислења по барање на докторите на медицина или специјалист и од други специјалности;

– Укажува стручна помош на другите здравствени работници, учествува во здравствено просветување и воспитување;

– Врши прегледи заради упис на децата во воспитнообразовни установи;

-Учествува во научно-истражувачка работа организирана во ОЕ од областа на својата специјалност,  во организирањето и спроведувањето на стручниот надзор и учествува во работењето на комисиите за распоредување на лица со пречки во психичкиот развој, аутизми, слепи/слабовидни лица со комплетно самостојно стручно мислење,

– Ги открива, дијагностицира, лекува и следи децата со фебрилни конвулзии, ги третира истите и врши ЕЕГ испитување

– Ја води пропишаната медицинска документација, евиденција и изготвува извештај за работа;

– Соработува со матичните лекари, патронажнната служба и други служби во ОЕ и пошироко;

– Соработува и активно учествува на стручни и други собири и објавува стручни трудови;

– Континуирано ги следи новините во педијатријата;

-Негува професионални меѓучовечки односи со вработените во ОЕ со почитување на достоинството, угледот и честа на другите вработени согласно позитивните прописи;

-Ја раководи цитогенетската лабораторија и медикогенетското советувалиште

                                                 

 

Доктор на  медицина – специјалист, педијатар, невролог
-Врши прием на пациенти, врши прв и контролен преглед од својата специјалност а по потреба користи мислења и анализи од други гранки од специјалистичко консултативната служба,

-Дава мислење/извештај и препишува соодветна терапија и користи соодветни дијагностички и терапеутски процедури,

– интерпретација на ЕЕГ записи,

-По потреба ги упатува пациентите во терцијална здравствена заштита,

-Изготвува план за работа и по потреба сугерира набавка на медицинска опрема и воведување на нови дијагностички процедури,

 -Се грижи за уредно водење на соодветната     медицинска документација и евиденција,

 -Се грижи за навремено и уредно изготвување на извештаите за извршените здравствени услуги,

-Ги заверува со потпис и свој факсимил статистичките и другите извештаи што ги изготвува медицинската сестра,

-Негува професионални меѓучовечки односи со вработените во службата со почитување на достоинството, угледот и честа.

 

 

Доктор на медицина – специјалист , психијатар
 – Работи самостојно;
-Го води тимот и ја координира работата на стручните лица во раната дијагностика и третманот на деца со проблеми од предшколска возраст (аутизам, даунов синдром, ментална ретардација, тикови ит.н.); 
-На деца од училишна возраст (емоционални проблеми, училишни фобии, потешкотии во совладување на училишните проблеми и хиперкинетски растројства);
-На тинејџери и адолесценти (анксиозно депресивни состојби, адолесцентна криза, болести на зависност…), Лекува адолесцнти со невротични, претпсихотични и психотични манифестации, со тешкотии во адаптација на своето семејство или социјалната средина, младинци со антисоцијално однесување,
-Соработува со Центар за социјална работа и помага при состојби на семејно насилство и брачни кризи;- Судски вештачења
-Категоризација на лица со ментални пречки во развојот;
-Сопствена едукација и едукација на наставници и педагози во образовниот систем за работа со деца со посебни потреби и нивна инклузија;Третира различни пореметувања на личноста, маргинални личности, проблемот на суицид и суицидални обиди во адолесцентната возраст, како и адикции и сите оние кои страдаат од други зависности,
-Индивидуални и групни терапсики постапки, работи со семејство.Негува професионални меѓучовечки односи со вработените во ОЕ со почитување на достоинството, угледот и честа на другите вработени согласно позитивните прописи

 

 

Доктор на стоматологија – специјалист
– Обезбедува услови и изготвува требување за набавка на соодветни материјали за извршување на работите од областа на стоматологијата,

– Се грижи за исправноста на стоматолошката апаратурата и за стерилизација на инструментите и материјалите,

– Ги применува современите методи на дијагностика и терапија,

– Превзема мерки за безбедно чување на средствата на работа и за нивно користење во ординацијата,

– Превзема мерки и одговара за безбедно чување на потрошниот материјал, инструменти и води евиденција на нивната потрошувачка,

– Врши дијагностички и терапевстки постапки,

– Врши превентивна стоматолошка заштита со примена на превентивните методи, превентивни систематски прегледи,

-Негува професионални меѓучовечки односи со вработените во службата со почитување на достоинството, угледот и честа на другите вработени.

 

 

 

 

Здравствен соработник – Психолог, Специјалист по медицинска психологија
-Централно, во својата практика специјалистот по медицинска психологија се  насочува во вршење на  психолошка проценка, спроведува психолошки интервенции и психотерапија.

-Во својата работа  користи системски пристап, што значи работа со идентификуваниот пациент (дете, младинец) во контекст на неговиот его-простор и  семејство.

-Врши проценка и спроведува соодветни терапии процедури кај деца и млади со анксиозни, афективни, психотични и первазивни растројства како и растројства на личноста при што спреведува и соодветни интервенции и советување на нивните родители и други членови, по потреба.

-Учествува во проценката на деца со развојни растројства во психомоторниот, јазичниот, со засегања на нивниот психосоцијален и емоционален развој, деца со проблеми на планот на училишните вештини, деца со растројства во однесувањето и емоциите и  врши советување на нивнитте родители.

-Учествува во работа на комисиите за распоредување на лица со попреченост во психофизичкиот развој

-Се ангажира во истражување, предавање, консултации, форензичко вештачење и развој на програми и проекти за унапредување на психичкото здравје на деца и млади и учествува во едукација на кадри од соодветната област

-За реализација на програмите соработува со стручниот тим  во Заводот и со други поврзани институции (училиште, матичен лекар и лекари од други здравствени институции, клиники…)

-Негува професионални меѓучовечки односи со вработените во ОЕ со почитување на достоинството, угледот и честа на другите вработени согласно позитивните прописи.

 

 

Здравствен соработник-дефектолог, магистер по дефектолошки науки  
-Навремено откривање на развојните нарушувања кај децата, спроведување на рана интервенција, сензомоторна стимулација, проценка на психомоторниот развој

-Лонгитудинално следење на психомоторниот развој на ризичните и децата со пречки во развојот

-Дефектолошка дијагностика – анализа на анамнестички податоци, опсервација, примена на дефектолошки тестови

-Дефектолошки третман, рехабилитација-стимулативни вежби, вежби за психомоторна реедукација, специфични вежби

-Групна и индивидуална работа со родители со информативна и советодавна цел

-Одржување на тесна врска помеѓу: здравствените, воспитно-образовните и социјалните институции кои се занимаваат со лица со пречки во развојот

-Учествува во работа на комисиите за распоредување на лица со попреченост во психофизичкиот развој

-Се ангажира во истражување, предавање, консултации и развој на програми и проекти за унапредување на психичкото здравје на деца и млади и учествува во едукација на кадри од соодветната област

-Негува професионални меѓучовечки односи со вработените во ОЕ со почитување на достоинството, угледот и честа на другите вработени согласно позитивните прописи

 

 

;

Здравствен соработник  – Дипломиран дефектолог                                                     
-Навремено откривање на развојните нарушувања кај децата, спроведување на рана интервенција, сензомоторна стимулација, проценка на психомоторниот развој

-Лонгитудинално следење на психомоторниот развој на ризичните и децата со пречки во развојот

-Дефектолошка дијагностика – анализа на анамнестички податоци, опсервација, примена на дефектолошки тестови

-Дефектолошки третман, рехабилитација-стимулативни вежби, вежби за психомоторна реедукација, специфични вежби

-Групна и индивидуална работа со родители со информативна и советодавна цел

-Одржување на тесна врска помеѓу: здравствените, воспитно-образовните и социјалните институции кои се занимаваат со лица со пречки во развојот

-Учествува во работа на комисиите за распоредување на лица со попреченост во психофизичкиот развој

-Се ангажира во истражување, предавање, консултации и развој на програми и проекти за унапредување на психичкото здравје на деца и млади и учествува во едукација на кадри од соодветната област

-Негува професионални меѓучовечки односи со вработените во ОЕ со почитување на достоинството, угледот и честа на другите вработени согласно позитивните прописи

 

 

Здравствен соработник – Дипломиран социјален работник   
– Прима пациенти, деца, младинци, лица и нивни родители/старатели при што од нив зема социјално-здравствена анамнеза, дава совети и упатства од здравствена-социјална свера, советување на дотична личност, вербална интервенција и други потреби на пациентот,

 Учествува целосно во мултидисциплинарната тимска работа со свое самостојно стручно мислење во делот на дијагностицирање и третман на пациенти,

– Учествува во работењето на комисиите за распоредување на лица со пречки во психичкиот развој, аутизми, слепи/слабовидни лица со комплетно самостојно стручно мислење,

 Самостојно изготвува и издава медицинска документација од наведените комисии – наод и мислење за распоредување на лицата со попречености во развојот  со интерпретациска помош на родителот/старателот за понатамошно општествено упатување и заштита на правата на пациентите согласно Законската регулатива, при што се води посебна евиденција за лицата со попречености во развојот,

–  Самостојно врши увид и координација на терапевтските и социјално-заштитните мерки и континуирана грижа за децата/лицата со пречки во психичкиот развој, аутизам, слепи и слабовидни лица и ги мотивира родителите за лекување, третман и прифаќање на децата со попречености во семејствата,

– Соработува со други установи – градинки, училишта, посебни училишта, центри за социјална работа од цела Р.Македонија, ФЗО, ФПИОМ, агенции за вработување,МЗ, МТСП и други во име и за потребите на пациентите,

– Работи на утврдување на социјалните димензии кои се причина за појава на ментални нарушувања кај децата и младинците кои се примени на преглед и лекување во установата,

– Работи со деца,адолесценти млади и нивни семејства кои имаат потреба за надминување на семејни проблеми, кризни состојби, проблеми во старателството, разводи и дисфункции во семејствата,

– По потреба прима студенти за практична настава, едукација во соработка со Филозофски факултет и подготвува предавања од својот домен на работа.

Негува професионални меѓучовечки односи со вработените, со почитување на достоинството, угледот и честа на другите вработени.

 

 

Здравствен соработник со специјализација Специјалист по биолошки науки-група генетика
−        Врши припрема на реагенски и подлоги потребни за засевка на засадените ткива,

−        Директно е задолжен за снабдување на реагенсите подолги и други помагала потребни за цитогенетско испитување,

−        Засадување на земените ткива од испитаниците предложени за цитогенетско испитување,

−        Засадување на земеното ткиво во соодветни подлоги и следење на проесот на нивниот развој,

−        Изведување на поспецифични методи во фазата на препарација, односно на дел од пепарацијата, која не е во надлежност на лабораторискиот техничар,

−        Изготвување на извештај за извршените работи и работни задачи,

−        Вршење на хромозомска анализа од метафазите на клетките на испитуваните ткива

−        Компјутерска изработка на кариотип  и изготвува писмена интерпретација на истиот,

−        Учествува во завршната фаза во изготвувањето на кариотипот,

−        Учество во научно-истражувачката работа од свој домен и постојано се усовршува.

−        Негува професионални меѓучовечки односи со вработените, со почитување на достоинството, угледот и честа на другите вработени.

 

 

Здравствен соработник – Дипл.педагог
–  Врши педагошка дијагностика на деца со училишен неуспех, проблеми во адаптацијата, промени во поведението преку проценка на нивото на стекнатите предучилишни и училишни знаења и вештини, ефикасноста и способноста за учење,

–  Прави интервју со родителите-старателите со цел да се откријат етиолошките фактори за училишниот неуспех и други проблеми поврзани со учењето и врши советување за подобрување на училишниот успех,

– Самостојно врши проценка на стекнатите предучилишни знаења како и на емоционалната и социјалната зрелост на децата за поаѓање во училиште,

– Учествува во мултидисциплинарната тимска работа со своето самостојно стручно мислење,

– Самостојно применува тестови за откривање и дијагностицирање на специфични потешкотии во читање, пишување и сметање,

– Самостојно врши индивидуален корективен третман на деца со потешкотии во совладување на техника на читање и пишување,

– Самостојно врши индивидуален корективен третман на деца со специфични потешкотии во читање и пишување ( дислексија и дисортографија),

– Самостојно врши индивидуален и групен корективен третман на деца со потешкотии во сметањето,

– Соработува со педагошко-психолошките служби во училиштата, прима студенти за изведување на практична настава. по потреба подготвува предавања од својот домен на работа.

Негува професионални меѓучовечки односи со вработените, со почитување на достоинството, угледот и честа на другите вработени.

 

 

Здравствен соработник – Дипл. Психолог
 -Работи на дијагностика и терапија на деца со растројства во психолошкиот развој,

-Врши дијагностика и терапија на растројства во односите и емоциите што почнуваат во детството и адолесценцијата,

-Спроведува третмани кај растројства поврзани со стрес како и состојби во услови на криза,

-Ги третира психосоматските растројства и нивното влијание на соматските болести и емоционалното здравје на поединецот,

-Учествува во работата со деца и младинци и нивните семејства по барање на други институции (Центар за социјална работа, училишта и други ) и изготвува наод и мислење за нивни потреби,

-Врши советување, тераписки  интервенции и психотерапија на деца, адолесценти, а по потреба и на нивите родители,

-Учествува во системски базирани тераписки интервенции кај деца и младинци во психопатолошки состојби како реакција на дисфункционални семејни релации,

-Учествува во изготвување на вештачења,

-Соработува со останатите членови на стручниот тим како и со други стручни институции,

-Негува професионални меѓучовечки односи со вработените, со почитување на достоинството, угледот и честа на другите вработени.

 

 

 

Здравствен соработник – Дипломиран логопед
-Врши логопедиска дијгностика на растројства во вербална комуникација (гласовни, говорни, јазични, лексички и слушни потешкотии) од аспект на разбирање на експресијата кај деца и младинци, при што изготвува наод во писмена форма, за секој пациент посебно.

-Пронаоѓа методи за правовремено отстранување на потешкотиите во вербалната комуникација кај поедини пациенти или дава мислење за отпочнување на логопедски третман,

-Планира програмира и спроведува индивидуален и групен рехабилитационен-корективен логопедски третман,

-Формира работно досие и води евиденција во текот на третманот за работата, пројавените проблем и постигнатите резултати,

-Изведува соодветна терапеутска работа со родителите или членовите на потесното семејство на пациентите,

-Соработува со останатите членови на стручниот  тим како и со другите стручни институции, предучилишни установи, училишта и т.н.

-Изготвува план и програма за својата работа и го доставува до надлежната служба,

Негува професионални меѓучовечки односи со вработените, со почитување на достоинството, угледот и честа на другите вработени.

 

 

Здравствен работник – Медицинска сестра
– Ракува со медицински апарати т.е.се распоредени во кабинетот за гранични случаи и ЕЕГ,

-Припрема на пациентот за снимање и ракување со ЕЕГ апаратот, калибрирање и снимање на пациентот,

-Му помага на доктор во примената на одредени дијагностички и терапеутски постапки и интервенции;

-Учествува во здравственото просветуваање,

-Ракува со здравствените картони (ги издава, средува и отвара нови картони), Ги пополнува податоците за идентитетот на пациентот во здравствениот картон и истите ги внесува во компјутер,

-Ја води соодветната медицинска евиденција и документација,

-Води грижа за исправноста на медицинските апарати и инструменти со кои работи,

-Учествува и во научно-истражувачка работа организирана во ОЕ,

-Ги закажува и евидентира прегледите на пациентите во посебна медицинска документација,

– Одговорна е за навремено, уредно и стручно извршување на работните активности

-Негува професионални меѓучовечки односи со вработените во ОЕ со почитување на достоинството, угледот и честа на другите вработени согласно позитивните прописи,

-Врши и други работи кои одговараат на нејзиниот степен на стручна подготовка.

 

 

Здравствен работник – Стоматолошка сестра
-Ги подготвува инструментите и целиот потребен материјал за работа во ординацијата,

-Ги стерилизира инструментите и другиот потребен материјал,

-Врши контрола на исправноста на стерилизатори и автоклави со спори, во временски рок пропишан според законот,

-Се грижи за уредно складирање и дистрибуција на медицинскиот отпад,

-Презема мерки за безбедно чување на средствата за работа и нивно користење во ординацијата,

-Превзема мерки и одговара за безбедно чување на потрошниот материјал, инструментите и води евиденција за нивната потрошувачка,

-Асистира при употребата на сите методи за пружање на стоматолошка здравствена заштита,

-Ја води и чува пропишаната документација и евиденција, 

-Ракува со здравствените картони (ги издава, средува и отвара нови картони), ги пополнува податоците за идентитетот на пациентот во здравствениот картон и истите ги внесува во компјутер,

– Ја води соодветната медицинска евиденција и документација,

-Негува професионални меѓучовечки односи со вработените со почитување на достоинството, угледот и честа на другите вработени.

 

 

Здравствен работник –  Лаборантски техничар
 -Врши стерилизација на инструменти за работа,

 -Врши припрема на сите помошни средства за вршење на сите потребни  лабораториски анализи,

-Врши препарација на испитуваниот материјал, прави боење на изготвените препарати,

-Начелно составување на кариотипот,

-Ги врши сите фотографски работи во врска со испитаникот и неговиот кариотип,

-Врши антропометриски мерења на испитаниците,

-Зема отпечатоци од дланките и табаните на исптаниците за дерматогливска анализа,

-Врши наплата на извршените здравствени услуги и за прометот на здравствените услуги издава фискална сметка а парични средства, навремено ги предава на благајните,

-Води книга за дневен финансиски извештај,

Негува професионални меѓучовечки односи со вработените со почитување на достоинството, угледот и честа на другите вработени.