(+389) 3134-534

Бул.Крсте Мисирков 28, Скопје bul. Krste Misirkov 28, Skopje

д-р Виктор Исјановски  dr.sci

Директор на ЈЗУ Здравствен Дом на Скопје

 

Биографија на д-р Виктор Исјановски  dr.sci

Субспецијалист по психијатрија

Директор на ЈЗУ Здравствен Дом на Скопје

 

 

д-р Виктор Исјановски е роден на 21.07.1978 година во Скопје каде ги завршува, основното и средното образование. Медицинскиот факултет во Скопје го завршува во јуни 2003 година.

Во текот на студиите зема активно учество во истражувачката работа со студентите по медицина. За време на студиите престојува на Универзитетот во Мајами-Калифорнија САД.

Во 2004 год. се вработува во Казнено-поправната установа Идризово, каде со успех ги извршува  работите и работните задачи во областа на превентивата и куративата.

Од 2006 год. е вработен  во ЈЗУ „ Психијатриска болница Скопје “ од Скопје каде активно учествува во спроведувањето на работите и работните задачи во ЦМЗ- Пролет.

Во 2007 год. завршува специјализација по психијатрија.

Во  2018 год е избран за раководител во ЈЗУ „ Психијатриска болница Скопје “ од Скопје.

Постдипломските студии на Медицинскиот факултет во Скопје ги завршува со просечен успех 10 и го одбранува магистерскиот труд под наслов ,,Улогата на некои ризик фактори во етиопатогенезата на шизофренијата,,  и  се стекнува со звање Магистер по медицински науки.

На катедрата по психијатрија е избран за асистент при Психијатриската клиника во Скопје.

Во 2012 год. ја брани докторската дисертација со што се стекнува со звање доктор на медицински науки во областа на психијатријата.

Во 2015 год. се стекнува со звање Научен соработник на Медицинскиот факултет во Скопје по предметот Психијатрија и Медицинска Психологија.

 Во март 2019 год. ја завршува субспецијализацијата по Социјална психијатрија.

Во 2013 год. престојува во северната клиничка болница во Нинберг на одделот за психијатрија и психотерапија под менторство на Проф. д-р К. Рихтер и Проф. д-р Г . Никлевски.

За време на престојот се стекнува со вештини за работа со ТМС (транс магнетна стимулација) апаратот и асистира во давањето на електро конвулзивната терапија кај пациентите. Редовно ги посетува одделите за психози, зависности, неурози и лабораторијата за сомнологија и присуствува на утринските визити и работата на одделенијата.

Резултат на неговата активност на стручен и научен план се повеќе трудови како прв автор и коавтор, печатени во медицински  списанија и презентирани на конгреси и стручни состаноци во земјата и странство.

Од областа на судската медицина се стекнува со лиценца за вештачење издадена од Министерството за Правда на Р. Македонија со број  07- 3355/1.

д-р Исјановски поседува компјутерски способности во MS Word, MS Excel, Outlook, Power Point, Internet.

Приватно д-р Исјановски е сопруг и татко на две деца.