194
а) Итна медицинска помош со домашно лекување
б) Ординации за здравствена заштита во трета смена, недели и празници
в) Ординации за итна стоматолошка помош
Делокруг на работа: Укажување на дијагностички и терапеутски постапки кои се неопходни за отстранување на непосредна опасност по животот и здравјето, вршење на здравствени услуги во домот на пациентот-домашно лекување, пружање на здравствена заштита во трета смена, недели и празници и укажување на итна стоматолошка помош.
Начини и форми на раководење: Стручен колегиум со главен здравствен работник, одговорни на смени и со другите работници во службата поради спроведување и унапредување на квалитетот на здравствената заштита.
РАКОВОДИТЕЛ НА ОЕ: д-р Милица Бубало
ИТНА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ
Историјат
Првите зачетоци на прехоспиталната ургентна медицина датираат пред втората светска војна кога ја извршувале приватни лекари со пајтони како превозно средство.Станица за прва помош била прв пат формирана после војната во рамките на тогашната градска поликлиника со двајца лекари во смена.
Како посебна станица за Итна медицинска помош е формирана на 1 јули 1956 година со четири екипи.Во 1962 година се воведени радиостаници во санитетските возила.
Во 1970 година се формира Ј.З.У. Здравствен Дом Скопје-Скопје и Итна медицинска помош се интегрира во него како работна единица со местоположба до Поликлиника Букурешт каде организационо е поставена и денес.
Во 2001 година Службата се проширува формирајЌи диспечерски центар, пункт-Јане Сандански во склоп на Поликлиника Јане Сандански и пункт -Чаир во склоп на Поликлиника Чаир.
Целта на формирањето на пунктовите е:
• подобрување на брзината на интервенирање кое подразбира максимално скратување на времето потребно за стасување и пружање на помош на болниот или повредениот од моментот на примање на повикот;
• значително намалување на трошоците на секојдневната работа пред се со намалување на празната километража и намалување на потрошувачката на гориво;
• формирање на целина во покривањето на градот со теренски екипи.
Во 2007 година се формира и четвртиот пункт-Ченто во склоп на Поликлиника Ченто, со тоа се прави целина во покривањето на градот според распостранувањето на градот и покривање на автопатот. .Границите помеЃу пунктовите не се строго дефинирани и повиците се превземаат според степенот на итност од екипите од најблискиот друг пункт доколку екипите од тој пункт се на интервеција.
Од 2006 до 2008 година се прави комплетна замена на старите санитетски возила со нови, вработените добиваат униформи со посебна ознака на Службата, се формира оддел за тренинг и се гради нов паркинг простор за санитетските возила.
Денес Службата организационо е поставена со:
1.Диспечерско тријажен центар -база Карпош
пункт Јане Сандански, пункт Чаир, пункт Ченто
3.Ургентна амбуланта
4. Оддел за доедукација и тренинг
5. Единица за домашна посета и лекување
6.Мртвопроверителство
Здравствените услуги кои ги дава Службата се:
-интервенции од прв и втор степен на итност
-санитетски транспорт во градот,државата и надвор од неа
-медицински обезбедувања на манифестации од различен карактер
1.ДИСПЕЧЕРСКО ТРИЈАЖЕН ЦЕНТАР -база Карпош
Диспечерскиот центар е координативен дел во кој се примаат сите повици на ниво на град Скопје, се распоредуваат на екипите во зависност на кој дел од градот е повикот и од кој пункт Ќе интервенира екипата.
На тој начин се овожможува единствена координација и целосна прегледност на екипите ,а ако екипите од еден пункт се веЌе на интервенција се праЌа најблиската екипа од соседниот пункт.
Диспечерскиот центар се состои од:
• Дел за примање на повикот
• Дел за диспонирање на повикот на теренските тимови
Во делот за примање на повици има четири телефонски линии преку кои се примаат сите повици на ниво на град Скопје, регистрифон за снимање разговори и два лекари кои во краток разговор со повикувачот, користат целни прашања без сугерирани одговори и според добиените податоци за природата на болеста или поврадата , донесуваат одлука за понатамошното постапување.
Можностите се следни:
• Се прифаќа повикот како потреба за итна медицинска интервенција, интервенција со втор степен на итност и се запишува упатна дијагноза или краток опис на симптомите или повредата според кои се одредува степенот на итност,се забележуваат генералиите,прецизно означување на местото на случување и времето на прием на повикот,
• Доколку не е повикот за Итна медицинска помош повикувачот се упатува кон матичниот лекар, домашна посета или дежурната ноќна служба
• Се дава соодветен совет
Фреквенцијата и разновидноста на повиците е таква што бара многу концетрација, искуство и вештина за вербална комуникација и познавање на симптомите кои укажуваат на итност.Поради големата одговорност,на тоа работно место може да работат само оние лекари кои претходно најмалку три години работеле на терен.
________________________________________
Најчести прашања се поставени се:
• Дали лицето е свесно?
• Како дише?(нормално,тешко,се гуши,не дише)
• Какви симптоми чувствува.
• Дали има болки и каде?
• Кога тегобите започнале?Колку долго траа?
• На која возраст е лицето?
• Дали лицето боледува од некоја друга болест, која терапија ја примаи дали јаи ма примено?
Покрај овие основни прашања може да бидат поставени и дополнителни потпрашања.
Прашањата се поставуваат со цел да и биде пренесено на екипата на каква интервенција треба да интервенира и дали покрај стандарна медицинска опрема треба да има и посебна.
Ако повикот е примен треба да се наведе точната адреса,бројот на телефонот како би можело да се оствари контакт при потешкотии во наоѓањето на адресата.До пристигнување на екипата се постапува според советот на лекарот на телефон и се подготвува здравствената книшка и документација на болни.
Сите примени повици се предават во делот за диспонирање на повиците каде работат два диспечери кои ги предаваат на екипите според местото на настанот и која екипа е најблиску.Диспонирањето на повиците опфаќа работа со голем број на податоци или со елементите на поединечниот повик и користење на расположливите екипи на оптимален начин.
Диспечерите се медицински работници кои имаат долгогодишно искуство на терен , го познаваат градот и имаат способност за брзо користење на дадените податоци во прилог за адекватно распоредување на екипите.
Процесот на примање и предавање на повикот временски може да трае секунди до минути во зависност од пријавувачот.
Медицински екипи
Медицинските екипи на терен се составени од лекар,медицинска сестра/техничар и возач.
Во текот на 24 часа, 365 дена итна медицинска помош пружаат осум –девет екипи на подрачјето на градот Скопје. Во основа две од екипите се распоредени во пунктот Јане сандански и Чаир,една екипаво пункт Ченто и четири екипи во базата на службата Карпош но сепак распоредот на екипите зависи од потребата на градот и може да биде променет во тек на смена.
Во случај на потреба бројот на екипите се зголемува.Секое санитетско возило на Службата за ИМП опремено е со стандардна медицинска опрема за итна медицинска помош..
Службата за Итна медицинска помош врши медицински транспорт на пациенти во градот, во државата и надвор од неа според медицинска индикација или по лично барање на пациентот .
За преноси во градот се пријавува на бројот 194, а за во државата или надвор од неа кај главната медицинска сестра.
Медицински обезбедувања
Службата врши медицински обезбедување на собири и манифестации од различен карактер( спортски, културни, политички)/.Обезбедувањето се извршува по барање организаторот на манифестациите или собирите и треба да се пријави најмалку два дена пред настанот .
Телефони
Тел.02-3064-249
Тел./факс 02-3072-321
4.Единицата за домашно лекување
Домашно лекување, осигураното лице остварува кога не е неопходно болничко лекување, по препорака од лекар специјалист .
Единицата е лоцирана во базата-Карпош а пријавувањето е преку телефоните.
– 3061-258, 3064-465
Мртвопроверителство
Мртвопроверителството и издавањето посмртници е во доменот на Единицата за домашно лекување. Посмртниците се издаваат во просториите во Единицата за домашно лекување.