(+389) 3134-534

Бул.Крсте Мисирков 28, Скопје bul. Krste Misirkov 28, Skopje

Биографија на ЈЗУ Здравствен Дом - Скопје

ЈЗУ Здравствен дом на Скопје – Скопје е основан на  08.04.1970 година со интегрирање на повеке здравствени домови ( соединување на 33 разединети домови ) на подрачјето на град Скопје, врз основа на искуствата и иницијативата на СЗО за обезбедување на интегриран пристап во здравствената заштита на населението.
Како интегрирана јавно здравствена организација  ЈЗУ Здравствен дом на Скопје обезбедува единство на превентивна  и  специјалистичко-консултативна  здравствена  заштита на населението на градот и пошироко.
Организацијата на работата на Домот се заснова врз начелата на достапност, рационалност и континуираност на здравствената заштита, како и на медицината базирана врз докази.

Домот на подрачјето на кое е основан обезбедува вршење на:

-итна медицинска помош со домашно лекување

-превентивна здравствена заштита на предучилишни и училишни деца до 18 годишна возраст

-спроведува програми за рано откривање и превенција на одредени заболувања

-превентивна стоматолошка здравствена заштита на деца

-итна стоматолошка помош

-поливалентна патронажа

-специјалистичко-консултативна дејност; интерна медицина, неуропсихијатрија и неврологија, психијатрија, физикална медицина и рехабилитација, ортопедија, офталмологија, оториноларингологија,дерматовенерологија, пнеумофтизиолошка заштита, рентген дијагностика и лабораториска дејност

-превентивни здравствени услуги на спортисти

-снабдување со лекови и помошни медицински материјали за вршење на наведените дејности во Домот и

-здравствена статистика

Основната цел на внатрешната организација е унапредување на квалитетот и ефикасноста на здравствената заштита на населението во согласност со реформските процеси во здравствениот сектор, зголемување на економичноста и ослободување на ресурсите кои може да се користат за воведување на нови форми и технологии во здравствената заштита.

Сето тоа е базирано врз  современ менаџмент ( планирање, раководење и управување) комплементарен со концептот на организирање и управување во здравствениот систем на државата каде што е постигнат  степен на целосна, континуирана, квалитетна, ефикасна и рационална превентивна и консултативно-специјалистичка здравствена заштита.

Со помош на континуираната медицинска едукација и континуираниот професионален развој преку стандардите за добра медицинска практика и со воведените соодветни економски и финансиски инструменти се влијае на поголем степен на квалитетот на здравствените услуги.
Целта на новата здравствена политика е чување  и унапредување на здравјето, продолжување на траењето и подобрување на квалитетот на живеење на поединецот и на вкупната популација.

ЈЗУ Здравствен дом на Скопје ја обавува здравствената заштита во следните здравствени установи:

Поликлиника Бит Пазар,поликлиника Букурешт
Поликлиника Јане Сандански, Поликлиника Ченто,
Поликлиника Чаир, Поликлиника Идадија, Поликлиника Горче      Петров, Поликлиника Драчево, Поликлиника Шутооризари и  Поликлиника МВР.

Центарот за Итна медицинска помош и домашно лекување
Завод за спортска медицина
Завод за ментално здравје на деца и младинци Младост и
Завод за мајки и деца

При укажување на здравствената заштита, здравствените работници, се должни да се грижат за корисниците на кои им се укажува здравствена заштита, да го почитуваат нивното достоинство, да се придржуваат на медицинската етика и медицинската доктрина  да ја чуваат професионалната тајна, кое се однесува и на останатите вработени кои користат медицинска документација.

Корисниците на здравствените услуги во Домот имаат обврска да го почитуваат кукниот ред на Домот, да ги почитуваат советите и инструкциите на здравствените работници и на другите вработени во Домот, како и да имаат право на приговор во врска со остварувањето на правата на здравствена заштита.

Работата во Домот е јавна.

Јавноста во работата на Домот се обезбедува преку:

-присуство на претставниците на средствата за јавно информирање на седниците на Управниот Одбор, доколку има таков интерес, по предходно добиена согласност од страна на Управниот одбор.

-овозможување контакти на преставници на медиумите со директорот на Домот или по негово овластување со стручни лица од соодветна област, вработени во Домот.

-со издавање соопштенија за работата на Домот

-издавање на Информативен билтен

-информирање и на дриг начин во согласност со Закон, Колективен договор, Статут и други општи акти на Домот

За  уредување на прашања од значење за работата и работењето на Домот се донесуваат следните општи акти;

1. Колективен договор, дел за правата, обврските и одговорностите на работниците на ниво на ЈЗУ Здравтвен дом на Скопје-Скопје
2. Правилник за организација на работата и систематизација на работните места
3. Правилник за стручно оспособување и усовршување на работниците во Домот
4. Правилник за организација и начинот на укажување на итна медицинска помош, нега на болните и домашно лекување во Здравствениот дом на Скопје
5. Правилник за начинот и користење и одржување на медицинска опрема
6. Правилник за начинот и постапката за прием на корисниците при укажување на превентивата и специјалистичко-консултативната здравтвена заштита
7. Правилник за начинот и содржината на спроведувањето на внатрешниот надзор над стручната работа на здравтвените работници и здравствени соработници
8. Правилник за видот и начинот на користење на работната и заштитната облека на здравствените и други работници
9. Правилник за безбедност при работа
10. Правилник за здравствена заштита во услови на воена состојба
11. Правилник за деловна и професионална тајна
12. Други општи акти утврдени со закон,колективен договор и Статут

Главен финансиер на ЈЗУ Здравствен дом на Скопје-Скопје Фондот за здравствено осигурување преку Подрачната служба Скопје. Најголем дел од вкупните приходи се остваруваат преку Фондот, а останатите приходи се од сопствени извори: лекарски уверенија, систематски прегледи на работници, прегледани регрути, воздухопловен персонал  останати незначителни сопствени приходи.

Вкупно вработени во Домот се 1298 работници, од кои 947 здравствени работници  и 351 работник – административен персонал.

Здравствениот дом останува функционална целина во обезбедување на превентивната , специјалистичко-консултативната  и другите специфични видови на здравствена заштита.