О.Е. Карпош- Служба за ПЗЗ Карпош
О.Е. Служба за ПЗЗ Карпош во состав на Ј.З.У. Здравствен Дом Скопје е организирана како основна единица за спроведување на превентивна здравствена заштита на предучилишни и училишни деца, превентивни стоматолошки прегледи и примарна здравствена заштита на населението на територија на три општини Карпош, Ѓорче Петров и Сарај со приградски населби и околни села.
Раководител на Служба за ПЗЗ Карпош – Д-р.спец. Катерина Стаменковска
Здравствената заштита на О.Е. Карпош – Служба за ПЗЗ Карпош се спроведува во следните објекти
Пол. Ѓорче Петров
Пол. Букурешт
Диспанзер Карпош
Здр.с Козле ( ПЗУ)
Здр.с Тафталиџе ( ПЗУ)
Здр.с Влае ( ПЗУ)
Здр.с Ѓорче Петров 2 ( ПЗУ)
Здр.с с. Долно Свиларе (ПЗУ)
Здр.с с. Рашче (ПЗУ)
Здр.с с. Радуша (ПЗУ)
Здр.с с. Бојане ( ПЗУ)
Здр.с с. Копаница ( ПЗУ)
Здр.с с. Буковиќ ( ПЗУ)
Здр.с с. Глумово ( ПЗУ)
О.Е. Служба за ПЗЗ Карпош се состои од
Ординации за превентивна здравствена заштита на предучилишни и училишни деца
Ординации за детска и превентивна стоматолошка заштита на деца од 0 до 14 год.
Поливалентна патронажа
Oрдинации за здравствена заштита во трета смена, недели и празници
Ординација за итна стоматолошка помош
Административна и техничка служба
- Во Ординациите за превентивна здравствена заштита на предучилишни и училишни деца се врши редовна имунизација според календар за имунизација и систематски прегледи, издавање на медицински потврди за деца за запишување во предучилишни и училишни установи. Важен сегмент претставува и здравствената едукација и просветување според возраста на детето.
Пол. Ѓорче Петров раб.време 07.30-15.00ч тел. 02/2031 022
Пол. Букурешт раб.време 07.30-15.00ч тел. 02/3064 088
Диспанзер Карпош раб.време 07.30-15.00ч тел. 02/3068 804
- Во Ординациите за превентивна стоматолошка здравствена заштита се вршат систематски и контролни прегледи, залевање на трајни и млечни заби, издавање на стоматолошки потврди за упис во 1во одделение. Неизоставен многу важен сегмент е и стоматолошката индивидуална едукација и воспитување како на децата така и на целокупното население.
Пол. Ѓорче Петров раб.време 07.30-20.30ч тел. 02/2031 022
Пол. Букурешт раб.време 07.30-20.30ч тел. 02/3064 088
Диспанзер Карпош раб.време 07.30-15.00ч тел. 02/3068 804
- Поливалентната патронажа е кадровски способна за давање на
– превентивни услуги во семејството
-решавање на многу социо-медицински проблеми
– планирање на дневни посети каде приоритет имаат новородените, доенчињата, мали деца, бремени жени, родилки и лица над 65 годишна возраст
-следење со посебен акцент на вулнерабилни групи, деца со посебни потреби, социјални случаи и др.
Пол.Ѓорче Петров раб.време 07.30-15.00ч тел. 02/2031 022
Телефон за директен контакт од 07.30 до 09.30 часот
- Ординација за здравствена заштита во трета смена, недели и празници
Пол.Ѓорче Петров раб.време 19.30-07.30
недели и празници 24часа
- Ординација за саботни дежурства во прва и втора смена
Пол.Ѓорче Петров раб.време 07.30-19.30ч
- Ординација за итна стоматолошка заштита која работи во трета смена, недели и празници
Пол. Ѓорче Петров раб.време 19.30-07.30
недели и празници 24 часа
Во објектите кои се во состав на О.Е. Карпош Служба за ПЗЗ Карпош функционираат и следниве и специјалистичко-консултативни ординации и кабинети и тоа
Ординација за интерна медицина – 07.30-20.30ч
Ординација за ОРЛ – 07.30-15.00ч
Ординација за дерматовенерологија – 07.30-15.00ч
Ординација за неврологија и психијатрија – 07.30-20.30ч
Ординација за електромиографија (вторник и четврток) – 08.00-14.00ч
Ординација за физикална рехабилитација – 07.30-20.30ч
РТГ кабинет со ехо дијагностика – 07.30-19.30ч
Биохемиска лабораторија – 07.30-20.30ч
Логопедски кабинет ( од понеделник до четврток) – 08.00-14.30ч
Инсулинска аптека – 07.30-15.00ч
Пункт на Фонд за здравствено осигурување на Македонијa – 08.00-16.00ч
Како и приватни здравствени установи ( ПЗУ) по општа медицина-матични лекари, педијатрија, гинекологија, општа стоматологија и ортодонција.
Информации на телефоните
Пол.Ѓорче Петров централа 02/2031 022
управа/факс 02/2041 625
Пол. Букурешт централа 02/3064 088
Диспанзер Карпош 02/3068 804
О.Е.Карпош Служба за ПЗЗ Карпош
е-маил адреса oe.karpos@gmail.com