(+389) 3134-534

Бул.Крсте Мисирков 28, Скопје bul. Krste Misirkov 28, Skopje

 Горан Петрушев – Раководител на Служба за функционална проценка на деца и млади

Ул.Васил Ѓоргов бр.25 Скопје

Во Република Северна Македонија во периодот од 2012 година започна подготовката на нов модел за проценка на деца и младинци со попреченост.Во периодот од 01.04.2019 година до 31.03.2020 година се спроведуваше пилотирање на новиот модел на проценка за дополнителна образовна, здравствена и социјална поддршка на деца и младинци со попреченост. Моделот е базиран на Меѓународната класификација на функционирање (МКФ), како светски стандард за класификација, одобрена од страна на Светската Здравствена Организација во 2001 година.
За потребите на пилотирањето, се формираа едно национално и две регионални стручни тела со седиште во Скопје, кои вршат проценка на децата од сите градови на државата.
По завршување на пилотирањето на 26.12.2020 година во рамки на ЈЗУ Здравствен дом Скопје се формираше Служба за функционална проценка на деца и млади во чиј состав функционираат 9 стручни тима за функционална проценка на деца и млади  и еден стручен тим за координација. 

На 17.01.2023 година е усвоен нов Правилник за функционална проценка (службен весник на РСМ бр.9 од 17.1.2023 година) врз основа на кој работат стручните тимови за функционална проценка. Формирани се следните стручни тимови:

Стручen тим Скопје-1 врши функционална проценка на деца и млади кои живеат во општините: Центар, Карпош, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Аеродорм, Сопиште, Студеничани и Зелениково а истиот се наоѓа на ул.Васил Ѓоргов бр.25, населба Капиштец со телефон за контакт 02-6149923 и е-маил: mkf.skopje1@gmail.com

Стручен тим Скопје-2 врши функционална проценка на деца и млади кои живеат во општините: Чаир, Бутел, Гази Баба, Шуто Оризари, Сарај, Арачиново, Чучер-Сандево, Илинден и Петровец а истиот се наоѓа на ул. Крсте Петков Мисирков бр.28, (Поликлиника Битпазар) со телефон за контакт 02/6149847 и е-маил: dvaskopje@gmail.com

 

Стручен тим Струмица врши функционална проценка на деца и млади од југоисточниот плански регион и истиот се наоѓа на ул.Гоце Делчев бр.54-а, Струмица, со телефон за контакт 076 375 336 и е-маил: mkf.strumica@gmail.com

Стручен тим Битола врши функционална проценка на деца и млади од пелагонискиот плански регион и истиот се наоѓа на ул.Младински бригади бр.2, Битола, со телефон за контакт 076 375 338 и е-маил: mkf.bitola@gmail.com

Стручен тим Охрид врши функционална проценка на деца и млади од југозападниот плански регион и истиот се наоѓа на ул.. Димитар Влахов бр.52 Охрид, со телефон за контакт 076-437902 и е-маил: mkf.ohrid@gmail.com

Стручен тим Гостивар врши функционална проценка на деца и млади од полошкиот плански регион и истиот се наоѓа на ул. ЈНА бр.371-Гостивар, со телефон за контакт 076 427 242 и е-маил: mkf.gostivar@gmail.com

Стручен тим Куманово врши функционална проценка на деца и млади од североисточниот плански регион и истиот се наоѓа на ул.Браќа Филиповиќ бр.17, Куманово, со телефон за контакт 076 375 334 и е-маил: mkf.kumanovo@gmail.com

Стручен тим Велес врши функционална проценка на деца и млади од вардарскиот плански регион и истиот се наоѓа на ул.Шефки Сали бр.5, Велес (ЈЗУ Здравствен дом-Велес), со телефон за контакт 076 375 343 и е-маил: mkf.veles@gmail.com

Стручниот тим за функционална проценка за источниот плански регион со седиште во Штип сеуште не е формиран. Родителите кои живеат во општините од овој плански регион и  имаат потреба за функционална проценка на своите деца истата можат да ја закажат на е-маил;mkf.stip@gmail.com или да се јават на телефонскиот број 02-6149923

Работното време на Центрите за функционална проценка е од 7.30 до 15.30 часот од понеделник до петок.