(+389) 3134-534

Бул.Крсте Мисирков 28, Скопје bul. Krste Misirkov 28, Skopje

Служба за превентивни и здравствени услуги на спортисти

Делокруг на работа: Вршење на превентивни здравствени услуги на спортисти.

Начини и форми на раководење: Стручен колегиум со главен здравствен работник и со другите работници во службата заради спроведување и унапредување на здравствената заштита.

  • Др.Лила Танчева

    Специјалист по спортска медицина

  • Др.Весна Трајческа Локвенец

    Специјалист по спортска медицина

  • Др.Соња Алексовска

    Специјалист по спортска медицина

  • Прим.Др.Нада Темелкоска

    Специјалист по спортска медицина

СЛУЖБА ЗА ПРЕВЕНТИВНИ И здравствени услуги на спортисти

О.Е. СЛУЖБА ЗА ПРЕВЕНТИВНИ И ЗДРАВСТВЕНИ УСЛУГИ НА СПОРТИСТИ

А. Одделение за функционална дијагностика – одредување на здравствената состојба, физички развиток, функционални способности истражување на исхраната( изготвување на диетни препораки) и  физикална медицина на спортисти, ученици и рекреативци. Координацијата ја врши:

Шеф ,
–   Др специјалист по спортска медицина,
–   Др специјалист по спортска медицина, доктор на медицински науки,
–   Др специјалист по физикална медицина и рехабилитација
–   Доктор на медицина – Спортски лекар
–   Медицинска сестра- техничар

Б.Одделение  на биохемиско хематолошка лабораторија

–   Шеф, дипломиран биохемичар
–   Лабораториски техничари
–   Садомијачка за лабораторија.

В.Одделение за архивирање, наплата на услугите и одржување на хигиена

– Админ истратор картотекар
– Дактилограф архивар

Служба за превентивни И здравствени услуги на спортисти претставува превентивна и куративна специјалистичка  здравствена  организација и се грижи за  зачувување на здравјето на  активните учесници во натпреварувачкиот спорт, како и на рекреативците и останатата популација која сака да се занимава со дополнителна физичка активност.

1. а) Здравствена контрола на спортисти кои се занимаваат со натпреварувачки спорт, поранешни спортисти и  рекреативци и други, преку вршење на специјалистички спортско-медицински систематски прегледи за следење на здравствената состојба, физичкиот развој и функционалните способности на срцево-садовниот и белодробниот систем.
     б) Лекување на  повредени и заболени спортисти, поранешни  спортисти, рекреативци и други и нивна рехабилитација за побрзо враќање  на спортските борилишта и на секојдневните   активности.

  1. Проценка на  здравствената состојба,  физичкиот развој и функционалните способности  на заболени  и  повредени  ученици  и студенти, а во врска со  нивната способност за следење на редовната практична настава  по предметот физичко  воспитување.
  2. Дежурства на спортски манифестации   и натпреварувања.
  3. Учество во изготвување  на здравствени правилници  на спортските сојузи и федерации,
  4. Учество и организација на стручни состаноци, семинари, конгреси.
  5. Учество   во  работата  на здравствени комисии   на спортски сојузи и федерации и Македонскиот Олимписки Комитет.
  6. Соработка  со  Македонскиот  Олимписки  Комитет,  Спортскиот сојуз на  Македонија,  Сојузот на спортови на град Скопје.
  7. Во Заводот се изведува и практична настава за  специјализација  на специјализантни по спортска  медицина.
  8. Врши  систематски прегледи и оценка на здравствената состојба и физичкиот развој и способностите   на  воените обврзници  за воена служба во АРМ.
  9. Повремено врши систематски прегледи за единиците за специјална намена при МВР. Грижата за здравјето на спортски активната ученичка и студентска популација пред се е во надлежност на Државата и Институциите предвидени со позитивните законски и подзаконски акти.

УСЛУГИ НА СПОРТСКО-МЕДИЦИНСКИТЕ   ПРЕГЛЕДИ

Р.бр ФЗЛ1 Назив  на здравствена услуга
1   ЕКГ
2   Хематолошки статус
3   Уринарен статус без седимент
4   Антропометриски статус
5   мислење

 

 

 

Р.бр ФЗЛ2 Назив  на здравствена услуга

 

1    

Стрес тест-ЕКГ-ВО2 максимум

2    

Хематолошки статус

3    

Уринарен статус без седимент

4    

Комплетна спирометрија

5    

Антропометриски статус

6   мислење