Делокруг на работа: Вршење на здравствена дејност од областа на здравствената статистика.
Начини и форми на раководење: Стручен колегиум со работниците во службата заради спроведување и унапредување на квалитетот на здравствената дејност.
Мисијата на Заводот за здравствена заштита на мајките и децата (ЗЗЗМД) е да го заштити и унапреди здравјето и благосотојбата на мајките и децата во Р.Македонија.
Зошто мајките и децата?
Унапредувањето на здравјето на мајките и децата како две најранливи популациони групи, продолжува да биде еден од најважните приоритети на владите на секоја модерна држава. Република Македонија има направено многу во подобрувањето на здравствениот статус на мајките и децата и има постигнато значаен напредок во редукцијата на матерналната, доенечката смртност и смртноста на децата. Овие здравствени индикатори го отсликуваат не само здравствениот статус на населението во целост туку претставуваат и важни показатели на квалитетот на здравствениот систем на земјата. Иако здравјето на мајките и децата навидум претставуваат различни предизвици, тие се нераскинливо поврзани и во нивното унапредување Заводот за здравствена заштита користи интегриран пристап, почнувајќи од планирање на семејството, грижа за време на бременоста и породувањето, грижа за време на перинаталниот и доенечкиот период, периодот на раното детство како и периодот на адолесценција.
Историјат на Заводот
Заводот за здравствена заштита на мајки и деца е основан 1957 година со одлука на Владата на СРМ и со финансиска помош од УНИЦЕФ. Со интеграцијата на Здравствен Дом Скопје во 1971 година, заводот стана работна единица на Здравствен Дом – Скопје и со своите активности се вклучи поинтензивно во спроведување на превентивните активности на подрачјето на градот Скопје, но и понатаму продолжи да ги исполнува задачите на државно ниво.
Активности:
Заводот преку својата работа во доменот на есенцијалните јавно-здравствени функции, обезедува интегриран и холистички пристап во унапредување на здравјето на овие две највулнерабилни групи население, преку следниве активности:
Следење на здравствената состојба и заштита на мајките и децата
Јакнење на капацитетите на здравствените работници
Здравствено-промотивна дејност
Учество во креирање на политики за унапредување на здравјето на мајките и децата
Јакнење на социјалната партиципација преку соработка со граѓански здруженија, здруженија на жени, ромски невладини здруженија
Зошто сме присутни ?
– Во Македонија постојат над 500.000 жени во репродуктивен период и над 500.000 мали деца и адолесценти
– Секоја година се раѓаат околу 24.000 бебиња
– Над 500.000 деца и адолесценти секоја година имаат потреба од заштита на нивното здравје од заразни заболувања но и од бихејвиорални ризик фактори
– Голем број на семејства со мали деца имаат потреба од подршка во нивните настојувања да обезбедат здрав почеток на живот на нивните новороденчиња и подршка во обезбедување на нивниот оптимален раст и развој
– Околу 300 000 адолесценти имаат потреба од социјална подршка во унапредување на нивното сексуaлно и репродуктивно здравје како и примена на здрави животни стилови кои обезбедуваат квалитет на живот во адултната возрaст
Кои се целите ?
– Континуирано обезбедување на ефективни и ефикасни превентивни здравствени услуги кај децата и жените од репродуктивен период поврзани со безбедно мајчинство и правилен раст и развој на децата.
– Зголемување на достапноста, квалитетот и одржливоста на услугите од превентивна здравствена заштита на мајките и децата.
– Зајакнување на капацитетите на родителите, членовите на потесното семејство и локалната заедница во унапредување на раниот детски развој во рамките на семејството.
– Ублажување на влијанието на социјалните детерминанти (сиромаштија и социјална нееднаквост) врз развој на неповолни здравствени индикатори кај мајките и децата.
– Зајакнување на капацитетите на локалните заедници заради обезбедување на широка социјална подршка во севкупните напори за подобрување на здравствената сосотојба на мајките и децата
– Понатамошно намалување на стапката на смртност на доенчињата и малите деца.
– Намалување на перинаталната смртност.
– Целосен опфат на децата со имунизација.
– Целосен опфат на бремените жени со квалитетна антенатална заштита
– Целосен опфат на бремените жени со породувања со стручна помош и мерки за перинатална заштита на родилките.
– Подигање на нивото на информираност на родителите за принципите на правилен раст и развој на децата.
– Зајакнување на капацитетот на Заводот за прибирање и раководење со епидемиолошки податоци кои се потребни за креирање на ефикасни Програми за унапредување на здравјето на мајките и децата.
Нашата визија …
Преку разни активности и програми, Заводот настојува во иднина да креира амбиент во кој:
Заводот за здравствена заштита на мајки и деца и неговата место во унапредување на здравјето во текот на целиот животен век