ОЕ ЧАИР
Ое Служба за ПЗЗ Чаир обезбедува здравствена заштита на населението од четири општини Чаир, Шуто Оризари, Бутел и Чучер Сандево. Главниот објект на ОЕ Служба за примарна здравствена заштита Чаир се наоѓа на ул.2 МКБ бр. 5. Објектот е изграден во 1982 година и е од цврста градба со корисна површина од 5000 м2, и се наоѓа во централното подрачје на општина Чаир. Објектот на Проширена здравствена станица Шуто Оризари се наоѓа на ул.Индира Ганди бр.15 во Општина Шуто Оризари додека Проширена здравствена станица Бутел 1 се наоѓа на ул. Краишка бб во Општина Бутел. Во ОЕ Чаир има 110 вработени.
Во состав на Поликлиника Чаир функционираат следните служби:
1.Ординација за превентивна здравствена заштита на предучилишни и училишни деца
2.Ординација за превентивна стоматолошка здравствена заштита
3.Поливалентна патронажна служба
4.Рурален доктор
5.Логопед
6.Центар за депресија
7.Центар за дијабет
8.Специјалистичка консултативна служба (дерматовенерологија, неврологија, психијатрија, интерно, кабинет за гастроскопија, кабинет за физикална терапија, ренген, биохемиска лабораторија, инсулинска аптека)
9. 24 часовна здравствена заштита (ноќна служба, брза помош и саботно дежурство)
1.Во отсекот за превентивна здравствена заштита на предучилишни и училишни деца се врши редовна имунизација според календар за имунизација и систематски прегледи,се издаваат медицински потврди за запишување во предучилишни и училишни установи,се врши здравствено просветување според возраста на детето.
Поликлиника Чаир рабoтно време : 07:30-15:00 ч. Телефон 02/ 2611-506
Проширена здравствена станица Шуто Оризари работно време : 07:30- 15:00 ч. Телефон 02/ 2651-696
Проширена здравствена станица Бутел1 работно време : 07:30- 15:00 ч. Телефон 02/ 2621-693
2.Отсекот за превентивна стоматолошка здравствена заштита на деца и младинци опфаќа комплетно стоматолошко просветување ( демонстрација на правилна хигиена на усната празнина) како и превентивно залевање на првите трајни молари.
Поликлиника Чаир рабoтно време: 07:30-15:00ч. Телефон 02/ 2611-506
Проширена здравствена станица Шуто Оризари работно време: 07:30-15:00ч. Телефон 02/ 2651-696
3.Поливалентна патронажна служба е самостоен отсек, кој кадровски е оспособен за давање на превентивни услуги на семејството, како и решавање на сите позначајни социјално-медицински проблеми кои се јавуваат во семејството. Во ППС работат патронажни сестри и акушерки.Патронажните сестри просторно се сместени во поликлиника Јане Сандански и Пол.Драчево. Секој работен ден од 07:30 – 09:30, достапни се телефонски за контакти и договори, советување, планираат дневни посети со семејствата и контактираат со другите институции.Теренска работа – посети во семејстата: каде приоритет се посетите на новородените, родилките, бремените жени, доенчињата, мали деца, лица над 65 години старост. Особено ги следат вулнерабилните групи, децата со посебни потреби и др. Напоредно со работата во семејствата службата се организира здравствено воспитна работа во заедницата, соработка со Центрите за социјални грижи и Црвениот крст.
4.Рурален доктор е пројект воведен 2014 и врши здравствени услуги во руралните средини на општина Чаир, Шуто Оризари, Бутел и Чучер Сандево.
5.Логопед во поликлиника Чаир има двапати неделно (понеделник и четврток 8:00-15:00ч).
6.Центар за депресија (секој бторник 15:00-20:00ч)
7.Центар за дијабет (секој вторник и петок 8:00-15:00ч)
8.Специјалистичка консултативна служба се состои од овие специјалности:
a)дерматовенерологија
б)неврологија
в)психијатрија
г)интерно
ѓ)кабинет за гастроскопија (секој понеделник и четврток)
и)кабинет за физикална терапија
ј)ренген (најнови апарати ставени во функсија деновиве се магнетот и мамоматот )
к)биохемиска лабораторија
л)инсулинска аптека
Во склоп на ОЕ Чаир функсионираат и приватни здравствени установи и тоа:
1.Ординации за општа медицина и педијатрија
2.Ординации по стоматологија
3.Гинеколошки ординации
4.Канцеларија на ФЗО
5.Аптека
Во состав на Проширена здравствена станица Шуто Оризари функционираат следните служби:
1.Ординација за превентивна здравствена заштита на предучилишни и училишни деца
2.Лабораторија
3. 24 часовна здравствена заштита (ноќна служба и саботно дежурство)
Во склоп на Проширена здравствена станица Шуто Оризари функсионираат и приватни здравствени установи и тоа:
1.Ординации за општа медицина и педијатрија
2.Ординации по стоматологија
3.Гинеколошка ординација
4.Канцеларии на Црвен Крст
5.Аптека
Во состав на Проширена здравствена станица Бутел1 функционираат следните служби:
А)Ординација за превентивна здравствена заштита на предучилишни деца
Б)Ординации за општа медицина
В)Ординации по стоматологија
Г)Лабораторија
Д)Аптека
Раководител на ОЕ ЧАИР Др Шкелќиме Весели Села 075327936
Управа 02/2621 499 spzzcair@gmail.com