(+389) 3134-534

Бул.Крсте Мисирков 28, Скопје bul. Krste Misirkov 28, Skopje

февруари 6, 2020

Совети

Главоболка – Д-р Теута Далипи

Главоболката претставува една од најчестите болни синдроми. По статистички податоци секое пето лице има чести или постојани главоболки. Податоците за нивното постоење датираат некаде од пред 5000 години, но првиот опис на главоболки го дал Хипократ (460 – 370 пред н.е). Во текот на животот главоболката се јавува најмалку еднаш кај 70-95% од луѓето и тоа најчесто на возраст од 20-40 години, жените почесто страдаат од главоболки отколку мажите и тој сооднос е 2:1/ Таа повеќе се јавува кај лица вработени во административни служби, или кои имаат поголеми амбиции од лични можности.

Низ историјата имало неколку класификации на главоболката, според новата меѓународна класификација на главоболки тие се делат на 14 класи, распределени во 3 групи. 

I  Примарни главоболки во оваа група приоаѓа: мигрена, тензиона, кластер и тригеминална главоболка.

II  Секундарни главоболки или симптоматски (после повреда, васкуларни причини, инфекции, нарушена хомеостаза, различни супстанци).

III  Невралгии и останати некласифицирани главоболки

Во зависност од причината за настанување на главоболката такво ќе биде и третманот на лекување.

Примарните главоболки се главоболки кои што бараат специфичен третман и терапија токму поради тоа е потребна консултација со невролог. Групата на секундарни или симптоматски главоболки исто така бара лекување но во овој случај треба да се најде прво причината која ја предизвикува главоболка и таа да се санира. Одредувањето на причината бара: лекарски преглед, дополнителни дијагностички процедури како РТГ, КТМ ЕЕГ, МНР и невролошко испитување.

Не сеокја главоболка треба да се лекува, но ако главоболките се чести и упорни треба да се јавите кај вашиот матичен лекар, а по потреба да се консултира и невролог.