(+389) 3134-534

Бул.Крсте Мисирков 28, Скопје bul. Krste Misirkov 28, Skopje

февруари 12, 2020

Новости

Работна посета во поликлиниката Ѓорче Петров на директорите на ЗДС, министерот за здравство и градоначалникот на о. Ѓ.Петров

Денес, директорите на Здравствен Дом Скопје, др. спец. Виктор Исјановски и дипл. екк. Бесим Кока, заедно со министерот за здравство доц. др. Венко Филипче и градоначалникот на општина Ѓорче Петров г-дин Александар Наумоски беа во работна посета во поликлиниката Ѓорче Петров.
Комплетно го реновиравме вакциналниот пункт во поликлиниката Ѓорче Петров и набавивме нов дигитален рентген апарат кој ќе биде пуштен во употреба во наредните денови.
Ги следиме стандардите и упатствата на Светската здравствена организација (сзо) и започнавме со комплетно реновирање на вакциналните пунктови во Поликлиниките во градот Скопје.