а) Ординации за предучилишни и училишни деца и поливалентна патронажа
б) Ординации за стоматолошка заштита на деца до 14 години
в) Ординации за примарна здравствена заштита
Делокруг на работа: Пружање на примарна здравствена заштита, превентивна и стоматолошка здравствена заштита на деца до 14 години и вршење на поливалентни патронажни посети на населението од сите возрасти.
Начини и форми на раководење: Стручен колегиум со главен здравствен работник и со вработените во службата заради спроведување и унапредување на квалитетот на здравствената заштита.
ПОЛИКЛИНИКА ЧАИР
Раководител на ОЕ-Служба за ПЗЗ Чаир
ПОЛИКЛИНИКА МВР
Д-р Хасибе Беља
Др. Несрине Рамадани
Д-р Кујтиме Рушити Мехмети
Др. Менан Хасиќ
ОЕ ЧАИР
Ое Служба за ПЗЗ Чаир обезбедува здравствена заштита на населението од четири општини Чаир, Шуто Оризари, Бутел и Чучер Сандево. Главниот објект на ОЕ Служба за примарна здравствена заштита Чаир се наоѓа на ул.2 МКБ бр. 5. Објектот е изграден во 1982 година и е од цврста градба со корисна површина од 5000 м2, и се наоѓа во централното подрачје на општина Чаир. Објектот на Проширена здравствена станица Шуто Оризари се наоѓа на ул.Индира Ганди бр.15 во Општина Шуто Оризари додека Проширена здравствена станица Бутел 1 се наоѓа на ул. Краишка бб во Општина Бутел. Во ОЕ Чаир има 112 вработени.
Во состав на Поликлиника Чаир функционираат следните служби:
- Ординација за превентивна здравствена заштита на предучилишни и училишни деца
- Ординација за превентивна стоматолошка здравствена заштита
- Поливалентна патронажна служба
- Логопед
- Центар за депресија
- Центар за дијабет
- Специјалистичка консултативна служба (дерматовенерологија, неврологија, психијатрија, интерно, кабинет за гастроскопија, кабинет за физикална терапија, ренген, биохемиска лабораторија, инсулинска аптека)
- 24 часовна здравствена заштита (ноќна служба, брза помош и саботно дежурство)
- Магнетна резонанса
- Во отсекот за превентивна здравствена заштита на предучилишни и училишни деца се врши редовна имунизација според календар за имунизација и систематски прегледи,се издаваат медицински потврди за запишување во предучилишни и училишни установи,се врши здравствено просветување според возраста на детето.
Поликлиника Чаир рабoтно време : 07:30-15:00 ч. Телефон 02/ 2611-506
Проширена здравствена станица Шуто Оризари работно време : 07:30- 15:00 ч. Телефон 02/ 2651-696
Проширена здравствена станица Бутел1 работно време : 07:30- 15:00 ч. Телефон 02/ 2621-693
- Отсекот за превентивна стоматолошка здравствена заштита на деца и младинци опфаќа комплетно стоматолошко просветување ( демонстрација на правилна хигиена на усната празнина) како и превентивно залевање на првите трајни молари.
Поликлиника Чаир рабoтно време: 07:30-15:00ч. Телефон 02/ 2611-506
Проширена здравствена станица Шуто Оризари работно време: 07:30-15:00ч. Телефон 02/ 2651-696
- Поливалентна патронажна служба е самостоен отсек, кој кадровски е оспособен за давање на превентивни услуги на семејството, како и решавање на сите позначајни социјално-медицински проблеми кои се јавуваат во семејството. Во ППС работат патронажни сестри и акушерки.Патронажните сестри просторно се сместени во Поликлиника Чаир. Секој работен ден од 07:30 – 09:30, достапни се телефонски за контакти и договори, советување, планираат дневни посети со семејствата и контактираат со другите институции.Теренска работа – посети во семејстата: каде приоритет се посетите на новородените, родилките, бремените жени, доенчињата, мали деца, лица над 65 години старост. Особено ги следат вулнерабилните групи, децата со посебни потреби и др. Напоредно со работата во семејствата службата се организира здравствено воспитна работа во заедницата, соработка со Центрите за социјални грижи и Црвениот крст.
- Логопед во поликлиника Чаир секој работен ден (понеделник – петок 8:00-15:00 ч).
- Центар за депресија (секој вторник 15:00-20:00ч)
- Центар за дијабет (секој вторник и петок 8:00-15:00ч)
- Специјалистичка консултативна служба се состои од овие специјалности:
- a) дерматовенерологија
б) неврологија
в) психијатрија
г) интерно
ѓ) кабинет за гастроскопија (секој понеделник и четврток)
и) кабинет за физикална терапија ( I и II смена )
ј) ренген дијагностика (дигитален РТГ апарат, магнетна резонанца и мамоматот )
к) биохемиска лабораторија
л) инсулинска аптека
Во склоп на ОЕ Чаир функционираат и приватни здравствени установи и тоа:
- Ординации за општа медицина и педијатрија
- Ординации по стоматологија
- Гинеколошки ординации
- Канцеларија на ФЗО
- Аптека
- Сервис за перење и пеглање за потребите на ЈЗУ ЗДС- Скопје
Во состав на Проширена здравствена станица Шуто Оризари функционираат следните служби:
- Ординација за превентивна здравствена заштита на предучилишни и училишни деца
- Лабораторија
- 24 часовна здравствена заштита (ноќна служба и саботно дежурство)
Во склоп на Проширена здравствена станица Шуто Оризари функсионираат и приватни здравствени установи и тоа:
- Ординации за општа медицина и педијатрија
- Ординации по стоматологија
- Гинеколошка ординација
- Канцеларии на Црвен Крст
- Аптека
Во состав на Проширена здравствена станица Бутел1 функционираат следните служби:
А) Ординација за превентивна здравствена заштита на предучилишни деца
Б) Ординации за општа медицина
В) Ординации по стоматологија
Г) Лабораторија
Д) Аптека
Раководител на ОЕ ЧАИР д-р Сељајдин Мемети 075327936
Управа 02/2621 499 spzzcair@gmail.com