(+389) 3134485

Бул.Крсте Мисирков 28, Скопје bul. Krste Misirkov 28, Skopje

март 5, 2019

Новости

Голема трагедија, сочувство за најблиските на настраданите. Посакуваме брзо закрепнување на повредените!

Овие тешки часови со мојот колега Бесим ги поминавме во диспечерскиот центар на Итната мединска помош, ја следевме и координиравме работата се додека и последниот повреден не се пренесе во скопските ургентни центри. Ангажирани беа сите капацитети. Благодарност до вработените во службите за Итна помош во Скопје, кои пожртвувано се бореа за да го спасат секој живот.

Исто така голема благодарност за Итната медицинска помош од Тетово, Гостивар, Куманово кои вечерва пристигнаа на помош.