(+389) 3134485

Бул.Крсте Мисирков 28, Скопје bul. Krste Misirkov 28, Skopje

мај 20, 2019

Новости

Набавка на нови медицински возила во Итна помош

Денешната работна средба во базата на Итната медицинска помош се одржа во присуство на Министерот за здравство Г-дин Венко Филипче, Заменикот министер за здравство Др. Асим Муса и Менаџерите на Здравствен Дом Скопје Др. спец. Злате Мехмедовиќ и Дипл.екк. Бесим Кока по повод реализација на набавката на медицинските возила. 
Службата за Итна медицинска помош како единствена за град Скопје и околината овозможува 24 часовна здравствена заштита во делот на вонболнична ургентна медицина и претставува прва линија за давање на здравствени услуги посебно во делот кај животно загрозувачки состојби.
Од голема важност е зајакнувањето на возниот парк на службата на ИМП со новите 6 амбулантни возила, бидејќи службата е од витално значење за градот, која покрај секојдневните итни и одложени интервенции во доменот на здравствена заштита врши и медицински транспорт во градот, државава и надвор од неа како и медицински обезбедувања на собири од различен карактер.
Освен зајакнувањето на службата со амбулантски возила, Во тек на месецов е и процедура за нови вработувања кои ќе представуваат сериозно освежување на службата со што ќе постигнеме стручно и навремено извршување на основната дејност, побрза и поквалитетна здравствена услуга и постигнување на скратено време на одговор на интервенција.