Вулнет Селими
Биографија на Вулнет Селими
Директор на ЈЗУ Здравствен Дом на Скопје
Датум и место на раѓање: 01.05.1985 година, Скопје
Место на живеење: Скопје
ОБРАЗОВАНИЕ
Вулнет Селими своето образование го започнал во ОУ „Панајот Гиновски“ потоа продолжува во гимназијата „Зефлуш Марку“ во Скопје. Неговото понатамошно образование продолжува на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје каде што се здобива со звање дипломиран економист.
Професионално искуство
По завршувањето на студиите, Селими ја започнува својата кариера во областа на бизнисот и менаџментот. Меѓу најважните фази во неговата кариера се:
Finessa Jewellery – Финеса компанија за накит (2018 – 2021)
Како основач и директор на компанијата Finessa Jewellery, Вулнет Селими успешно ја водеше компанијата во период од 5 години. Во оваа улога, тој разви и спроведе оперативни и стратешки цели, подобрувајќи го позиционирањето на фирмата на пазарот и придонесувајќи на зголемувањето на профитот.
ZM Media (2022 – 2023)
Со успешна транзиција од позицијата директор во индустријата за накит, Вулнет Селими беше назначен за проект менаџер во ЗМ Медиа. Во овој период, тој координираше и раководеше со различни проекти, придонесувајќи за нивниот успех и зголемување на имиџот на компанијата на пазарот.
Вештини
Вулнет Селими се издвојува по високите лидерски и организациски способности. Тој покажал исклучителни вештини за управување. Посебни се достигнивањата во неговата специјална област. Со силни комуникациски вештини и постојана посветеност на развивање на своите вештини, тој имал значајно влијание во секоја работа што ја извршувал.