(+389) 3134-534

Бул.Крсте Мисирков 28, Скопје bul. Krste Misirkov 28, Skopje

а)Ординации за предучилишни и училишни деца и поливалентна патронажа

б)Ординации за стоматолошка заштита на деца до 14 години

в)Центар за следење на деца родени со ризик фактор

Делокруг на работа: Пружање на примарна здравствена заштита превентивна и стоматолошка здравствена заштита на деца до 14 години, вршење на поливалентни патронажни посети на населението од сите возрасти и следење на деца родени со ризик фактор. 

Начини и форми на раководење: Стручен колегиум со главен здравствен работник и со вработените во службата, заради спроведување и унапредување на квалитетот на здравствената заштита. 

ПОЛИКЛИНИКА БИТ ПАЗАР

  • Раководител на ОЕ-Служба за ПЗЗ Центар

    д-р Мељихате Бектеши

  • д-р Иван Двојаков

    Специјалист педијатар

  •  

  •  

     

 

 

Организациона Единица Служба за превентивна здравствена заштита – Центар

ОЕ – Служба ПЗЗ-Центар

ОЕ – Служба ПЗЗ – Центар, како организациона единица на ЈЗУ Здравствен Дом на Скопје-Скопје, овозможува превентивна здравствена заштита на населението од општина Центар и дел од општина Чаир.

ОЕ – Служба за ПЗЗ- Центар има два објекта:
1.  поликлиника Бит Пазар
2.  поликлиника Идадија.

Во ОЕ-Служба за ПЗЗ Центар работат:

3  доктори  специјалисти по педијатрија;
3  доктори по училишна медицина;
3  доктори специјалисти по пнеумофтизиологија;
5  доктори специјалисти по детска и превентивна стоматологија;
3  доктори по медицина;
9  доктори по стоматологија;
1  специјалист медицинска сестра-општа насока;
1  дипломирана стручна стоматолошка сестра;
1  виш радиолошки техничар;
1  дипломиран социјален работник;
2  медицински лаборанти;
5  акушерки;
19 медицински сестри;
11 стоматолошки сестри;
31 технички персонал

ОЕ- Служба за ПЗЗ- Центар се состои од:

А. Отсек за превентивна здравствена заштита на предучилишни и училишни деца

Б. Отсек за детска и превентивна стоматолошка здравствена заштита

–  Ординација за стоматолошка здравствена заштита во трета смена,   недели и празници

В. Самостоен отсек за поливалентна патронажа

Г. Оделение за диспанзерска заштита од белодробни болести и туберкулоза

Д. Техничка служба

1. Поликлиника Бит Пазар

Бул. Крсте Мисирков бб
Централа: 31 34 534

Во поликлиника Бит Пазар  превентивна здравствена заштита се одвива во следните ординации:

– Ординации за превентивна здравствена заштита на предучилишни деца
– Ординации за превентивна здравствена заштита на училишни деца
– Ординација за детска и превентивна стоматолошка здравствена заштита
– Ординација за стоматолошка здравствена заштита во трета смена,   недели и празници
– Самостоен отсек за поливалентна патронажа
– Одделение за диспанзерска заштита од белодробни болести и туберкулоза

2. Поликлиника Идадија

Ул. Иво Лола Рибар бб
Централа: 31 13 033

Во поликлиника Идадија  превентивна здравствена заштита се одвива во следните ординации:

-Ординации за превентивна здравствена заштита на предучилишни деца
-Ординација за детска и превентивна стоматолошка здравствена заштита

А. Отсек за превентивна здравствена заштита на предучилишни и училишни деца
– Ординации за превентивна здравствена заштита на предучилишни деца

Тимовите од превентивната здравствена заштита на предучилишни деца континуирано изведува задолжителни систематски прегледи, вакцинација според календарот за редовна имунизација на деца од 0-6 годишна возраст. Исто така ординциите за превентивна здравствена заштита издаваат потврди за вакциналниот статус и потврда за здравствената состојба на детето по потреба,  на барање на родителот. Во ординациите работат  5 превентивни тима составени од доктори специјалисти по педијатрија, доктори по медицина и медицински сестри. Во ординациите за превентивна здравствена заштита на предучилишни деца во поликлиника Бит Пазар работат 3 тима, во ординациите за превентивна здравствена заштита на предучилишни деца во поликлиника Идадија,  работат 2 тима.

1. Ординации за превентивна здравствена заштита на предучилишни деца

– Бит Пазар
Телефон: 31 34 534 / лок. 423
Работно време од 07:30 – 20:30
Вакцинирањето во  И смена од 08:00 – 12:00 и ИИ смена од 14:00-18:00

Вакцинирањето се одвива  според следниот распоред:
И смена ИИ смена
Понеделник Ди-те-Пер, Полио, Хепатитис Б, ХиБ, Ди-Те-Пер- ИИ ревакцина,  Манту тест Ди-те-Пер, Полио, Хепатитис Б, ХиБ, Ди-Те-Пер- ИИ ревакцина,
Вторник Ди-те-Пер, Полио, Хепатитис Б, ХиБ, ИИ Ди-Те-Пер, ревакцина, МРП Ди-те-Пер, Полио, Хепатитис Б, ХиБ, Ди-Те-Пер,-ИИ ревакцина,
Среда Ди-Те-Пер, Полио, Хепатитис Б, ХиБ, ИИ ревакцина Ди-Те-Пер,   Ди-Те-Пер, Полио, Хепатитис Б, ХиБ, ИИ ревакцина Ди-Те-Пер,
Четврток Ди-Те-Пер, Полио, Хепатитис Б, ХиБ, Ди-Те-Пер- ИИ ревакцина,  БСЖ, Ди-Те-Пер, Полио, Хепатитис Б, ХиБ, Ди-Те-Пер-ИИ ревакцина,
Петок Ди-Те-Пер, Полио, Хепатитис Б, ХиБ, Ди-Те-Пер ИИ ревакцина,  Ди-Те-Пер, Полио, Хепатитис Б, ХиБ, Ди-Те-Пер ИИ ревакцина,

2. Ординации за превентивна здравствена заштита на предучилишни деца

– Идадија
Телефон: 31 13 033 / лок. 110
Работно време од 07:30 – 20:30
Вакцинирањето во  И смена од 08:00 – 12:00 и ИИ смена од 14:00-18:00

Вакцинирањето се одвива  според следниот распоред:
И смена ИИ смена

Понеделник Ди-те-Пер, Полио, Хепатитис Б, ХиБ, Ди-Те-Пер-ИИ ревакцина, МРП Ди-те-Пер, Полио, Хепатитис Б, ХиБ, Ди-Те-Пер-ИИ ревакцина,  МРП
Вторник Ди-те-Пер, Полио, Хепатитис Б, ХиБ, Ди-Те-Пер ИИ ревакцина,  МРП, Манту тест Ди-те-Пер, Полио, Хепатитис Б, ХиБ, Ди-Те-Пер ИИ ревакцина, МРП
Среда Ди-Те-Пер, Полио, Хепатитис Б, ХиБ, Ди-Те-Пер ИИ ревакцина, Ди-Те-Пер, Полио, Хепатитис Б, ХиБ, Ди-Те-Пер ИИ ревакцина,
Четврток Хепатитис Б, ХиБ, МРП Хепатитис Б, ХиБ, МРП
Петок Хепатитис Б, ХиБ, МРП, БСЖ, Хепатитис Б, ХиБ, МРП

3. Ординации за превентивна здравствена заштита на училишни деца

Телефон: 31 34 534 / лок.399
Работно време од 07:30 – 15:00

Активноста на превентивни тимови се состои од  систематски прегледи, вакцинација на училишните деца, според календарот за редовна имунизација, како и здравствено-воспитни предавања  актуелни за училишната возраст.

Ординациите за превентивна здравствена заштита на училишни деца се наоѓаат во поликлиника Бит Пазар. Работата ја извршуваат 4 тима и тоа доктори по училишна медицина, доктори по медицина и медицински сестри. Во соработка со училиштата  во текот на целата учебна година, во самите училишта се изведуваат систематски прегледи на учениците од И, ИИ и ВИИ одделение во основните училишта, и во И и ИВ година во средните училишта. Исто така според календарот за задолжителна имунизација, се изведува  во ИИ и ВИИИ одделение во основните училишта, и во ИВ година во средните училишта.
Секоја среда од 08:00 до 12:00 во ординацијата во поликлиника Бит Пазар, може да се вакцинираат ученици, кои не се вакцинирале во училиштето.

Б. Отсек за детска и превентивна стоматолошка здравствена заштита

1. Ординација за детска и превентивна стоматолошка здравствена заштита-  Бит Пазар;
Телефон: 31 34 534 / лок. 421
Работно време од 07:30 – 20:30
2. Ординација за детска и превентивна стоматолошка здравствена заштита- Идадија;
Телефон: 31 13 033 / лок.
Работно време од 07:30 – 20:30

Детската и превентивната стоматолошка здравствена заштита обавува мерки за превенција на оралните заболувања во детска возраст од 0-14 години. Мерките се состојат од  редовни и контролни систематски прегледи, едукација и советувања за одржување на оралното здравје на предучилишни и училишни деца. Кај учениците од И одделение се изведува редовно залевање на фисури на првиот траен молар, како и примена на флуориди ( егзогена и ендогена ).
Во ординациите и училиштата работат 11 тима, составен од доктори специјалисти по детска и превентивна стоматологија, доктори по стоматологија и стоматолошки сестри, и  тоа во ординацијата за детска и превентивна стоматолошка здравствена заштита-Бит Пазар, работат 6 тима, во ординацијата за детска и превентивна стоматолошка здравствена заштита-Идадија работат 3 тима, во стоматолошките ординации во ОУ “Димитар Миладинов” и ОУ “Ј.Х. Песталоци” работи по 1 тим.

– Ординација за стоматолошка здравствена заштита во трета смена,   недели и празници

Телефон: 31 34 534
Работно време: 19:00 – 07:30; недели и празници 24часа

Дежурната стоматолошка ординација, сместена е во поликлиника Бит Пазар, се обавува  во трета смена, недели и празници. Во ординацијата  дежураат три екипи ( доктор на стоматологија и стоматолошка сестра ). Дежурните стоматолошки екипи пружаат прва помош.
В. Самостоен отсек за поливалентна патронажа

Телефон 02/31 34 568
Работно време: 07:30 – 15:00

Поливалентна патронажна е самостоен отсек, кој кадровски е оспособен за давање на превентивни услуги на  семејството, како и решавање на сите позначајни социјално-медицински проблеми кои се јавуваат во семејството. Во ППС работат  патронажни сестри и акушерки.Патронажните сестри просторно се сместени во поликлиника Бит Пазар. Секој работен ден  од 07:30 – 09:30, достапни се телефонски за контакти и договори, советување, планираат дневни посети со семејствата и контактираат со другите институции.

Теренска работа – посети во семејстата: каде приоритет се посетите на новородените, родилките, бремените жени, доенчињата, мали деца, лица над 65 години старост. Особено ги следат вулнерабилните групи, децата со посебни потреби и др.Напоредно со работата во семејствата службата се организира   здравствено воспитна работа во заедницата, соработка со Центрите за социјални грижи и Црвениот крст.

Г. Одделение за диспанзерска заштита од белодробни болести и туберкулоза

Телефон: 32 26 988
Работно време од 07:30 – 14:00

Тимот за диспанзерска заштита од белодробни болести и туберкулоза, овозможува специјалистичко-консултативни, превентивни, дијагностички, и тераписки здравствени услуги од областа на здравствената заштита на пациентите заболени од белодробни болести и туберкулоза.
Стручниот тим го сочинуваат лекари специјалисти пнеумофтизиолози, социјален работник, виш радиолошки техничар, лаборанти и медицински сестри.
Одделението се состои  :
– ординации за детска возраст
– ординации за возрасно население
– кабинет за спирометрија
– РТГ кабинет
– лабораторија  за основни крвни анализи
– лабораторија за микроскопско испитување на искашлок

Сите потребни иследувања се реализираат во текот на денот.
Манту тест се изведува секој понеделник, вторник и петок.

Д. Техничка служба

Работно време 07:30 – 20:30

Техничката служба работи во двата објекти и ги извршуваат техничките работи за потребите на ОЕ на Службата за ПЗЗ Центар.