Лекарската комора се заблагодари на службата за Итна медицинска помош при Здравствен дом Скопје за покажаната пожртвуваност и посветеност во згрижувањето на повредените од сообраќајната несреќа во Ласкарци.
Сите капацитети веднаш беа ставени на располагање, а вработените од оваа служба беа први на местото на несреќата и вложија натчовечки напори за да го спасат секој човечки живот.