Денешната работна средба во базата на Итната медицинска помош се одржа во присуство на Министерот за здравство Г-дин Венко Филипче, Заменикот министер за здравство Др. Асим Муса и Менаџерите на Здравствен Дом Скопје Др. спец. Злате Мехмедовиќ и Дипл.екк. Бесим Кока по повод реализација на набавката на медицинските возила.
Службата за Итна медицинска помош како единствена за град Скопје и околината овозможува 24 часовна здравствена заштита во делот на вонболнична ургентна медицина и претставува прва линија за давање на здравствени услуги посебно во делот кај животно загрозувачки состојби.
Од голема важност е зајакнувањето на возниот парк на службата на ИМП со новите 6 амбулантни возила, бидејќи службата е од витално значење за градот, која покрај секојдневните итни и одложени интервенции во доменот на здравствена заштита врши и медицински транспорт во градот, државава и надвор од неа како и медицински обезбедувања на собири од различен карактер.
Освен зајакнувањето на службата со амбулантски возила, Во тек на месецов е и процедура за нови вработувања кои ќе представуваат сериозно освежување на службата со што ќе постигнеме стручно и навремено извршување на основната дејност, побрза и поквалитетна здравствена услуга и постигнување на скратено време на одговор на интервенција.