За првпат, од оваа година се подобрува достапноста на бесплатните вакцини против сезонски грип, покрај 10-те Центри за јавно здравје,
во вакцинацијата ќе бидат вклучени и три поликлиники: Букурешт, Чаир и Ѓорче Петров при Здравствениот Дом Скопје.
Вакцинацијата почнува од утре, 22.11.2019 година. Вакцините се
наменети за бремени жени, стари лица над 65 години, лица со хронични заболувања и здравствените работници.
Здравствен Дом Скопје ќе има на располагање 2500 дози на вакцини, распределени во Букурешт, Ѓорче Петров и Чаир.
Бесплатната вакцинација во трите поликлиники ќе се одвива секој работен ден во периодот од 14:00 до 18:00 часот и истата ќе биде спроведена од превентивните екипи на ЈЗУ Здравствен дом Скопје.
Заинтересираните лица ќе можат да закажат бесплатна вакцинација кај својот матичен лекар преку Мој термин.
Како и во изминативе сезони, пикот на активноста на вирусот на сезонски грип се очекува во месец февруари.
Согласно договорениот план за вакцинација против грип и секако во соработка со Министерството за здравство, со претстојните активности
ќе го дадеме својот придонес за успешна вакцинација.