(+389) 3134-534

Бул.Крсте Мисирков 28, Скопје bul. Krste Misirkov 28, Skopje

јануари 13, 2020

Совети

СЕЗОНА НА НАСТИНКИ И ГРИП – Д-р Соња Ралева

Зимата е време која го зголемува бројот на посети на лекар. Причината за настинки и грип во текот на зимата е студеното време и престојот во затворени простории. Како вид луѓето се прилагодуваат на настинките и зависат од неа, бидејќи така го јакнат имуниот систем и имунитетот за одбрана од други сериозни болести. Предизвикувачите на наситнка и грип се вируси, и тоа 80% од  рино вирусите предизвикуваат инфекции на горни дишни патишта, корона вируси, адено вируси (пара) инфлуенца.  Вирусот се шири побрзо при пад на имун систем, како што е изложувањето на студен воздух, дневна варијација на температура (излегување од топло на студено), слаба облека, загаден воздух, психички и физички стрес, лоша прехрана која може да доведе до настинка. Вообичаено е да здрава возрасна особа се разболи два пати во годината, а кај децата е поинаку и тоа од 6 до 12 пати.

 Зошто децата полесно се разболуваат?

 Во просек деца помали од три години од настинка се разболуваат 6 до 8 пати годишно поради незрел имун систем и неспособност на истиот да се справи со вирусите кои ги среќава по прв пат. Децата незнаат да го избришат или издуваат носот, кашлаат и киваат при што вирусите завршуваат на нивните играчки, облека и слично. Вирусите во надворешнба средина може да преживеат до 30 минути. Честите настинки во раната животна доба можат да го заштитат детето во доцниот животен период. Научниците откриле дека децата кои почесто се разболуваат во претшколска возраст имаат помал број разболувања за време на училишните денови. Тоа е од причина што имуниот систем научил да ги препознае и да се бори против вирусите.

За настинката болеста почнува нагло после кратка инкубација од еден до три дена со нелагодно чуство во грло, чуство на запушен или пол нос, зачестено кивање, а потоа следува течење на нос. За болеста е карактеристична нормална телесна температура или малку покачена, но не повисока од 38 степени.     Симптомите на воспаление варираат во зависност од имуниот систем на заболениот и зависат од вирулентноста на причинителот. На почеток се јавува сува кашлица за потоа да стане продуктивна.

Симптоми                                                                                        Зачестеност

Болка во грло                                                                                     Често

Запушен нос                                                                                       Често

Течење на нос                                                                                    Често

Кашлица                                                                                              Често

Шмркање                                                                                             Често

Ринитис                                                                                               Често

Вртоглавица                                                                                       Понекогаш

Замор                                                                                                  Понекогаш

Болки во мускули                                                                               Понекогаш

Главоболка                                                                                         Ретко

Треска                                                                                                  Ретко

За разлика од настинката грипот има висока температура над 38 степени со општа лоша состојба, болки во мускули и зглобови, главоболка, доготрајна и упорна кашлица.

Предизвикувачи на грипот се три типа на вируси АБЦ и нивните варијации. Се јавува епидемиски. Човекот е заразен од три до пет дена од почеток на симптомите.

Се пренесува по капковен пат (со вдишување на ситни капки од околината на болна и заразена особа), по директен или индиректен пат (преку допир на врати кваки, работни површини). Поради тоа се препорачува ограничен престој во затворени простории полни со луѓе како што се спортски објетки, кина, театри, сали, шопинг центри од затворен тип. Забрана за одење на болни деца во градинка и училиште додека трае болеста.

Превенција

Постојат одлични и едноставни начини да се смали ризикот од настинка и грип. Важно е да се знае дека со овие методи неможе да ја заменат вакцинацијата против грип,

  1. Миење на раце со сапун и вода во траење од 30 секунди.
  2. Бришење на рацете со чисти хартиени брисачи за еднократна употреба.
  3. Проветрување на просториите дома, на работа особено во градинките и училиштата, намалено одење без поголема потреба во болниците и здравствените установи.
  4. Спиење најмалку 7 (седум) часа дневно.
  5. Загревање на стапалата. Топлите стапала го намалуваат ризикот од појава на вирози за 67%. Научниците откриле дека студените стапала ги стеснуваат крвните садови во пределот на синусите со што се намалува дотокот на бели крвни зрнца кои учествуваат во одбраната и на тој начин доаѓа до зголемување на ризкот од инфекција.
  6. Исечени нокти. Многу е трендовски во поново време носењето на долги нокти кое го зголемува ризикот на собирење на микроби под ноктите.
  7. Намалено внесување на алкохол и цигари.Иако чаша вино има одлични здравствени предности, прекумерната количина на алкохол ја намалува способноста на белите крвни клетки да се одбранат од инфекција во наредните 24 часа.
  8. Пиење на топли напитоци (чај од камилица, нане, мајчина душица, брусница, шишка и други).
  9. Внесување на избалансиран тип на исхрана богата со протеини, витамини од групата на (Ц-витамин), А и Д витамини, пиење на суплементи, како што се цинк и селен.
  10. Да не се поздравуваме со прегрнување и бакнување и да не ги бакнуваме децата за добра ноќ.

Без препорака на лекар да не се земаат антибиотици на своја рака. Земањето мора да биде строго контролирано.