Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче и директорите на Здравствен дом – Скопје, Виктор Исјановски и Бесим Кока, утрово ги промовираа новите 13 возила наменети за поликлиниките во градот Скопје.
10 возила се наменети за единицата за домашно лекување, а останатите возила за секојдневно транспортирање на материјали во работните единици во Здравствениот дом.
Со поддршка на општина Гази Баба и градоначалникот Борис Георгиевски, Итната медицинска помош доби донација две специјални возила за медицински потреби од Чешка, како давател на донацијата.
Ќе истакнеме дека извршивме набавка и на 10 фрижидери со сопствени средства за Здравствениот дом. Покрај ова, следејќи ги стандардите за квалитетна здравствена заштита, во интерес на долгогодишната соработка и грижа за пациентите во делот на превентивната здравствена заштита, добивме донација од Ново Нордиск – Фарм, шест големи фрижидери за непречено соодветно чување на вакцините и инсулините во температурен режим.
Ќе продолжиме и понатаму во унапредување и ревитализирање на работата на Домот, со акцент на обезбедување на квалитетна здравствена услуга.