март 27, 2020
Новости
Драги наши родители и најмали корисници на здравствени услуги, Ве информираме дека поради актуелната состојба со коронавирусот, вакциналните пунктови во сите наши поликлиники работат од 12 ч. до 18 часот. Вакцинацијата се одвива непречено според календарот за имунизација. Ви благодариме на разбирањето и чувајте се!