(+389) 3134-534

Бул.Крсте Мисирков 28, Скопје bul. Krste Misirkov 28, Skopje

Вулнет Селими

Директор на ЈЗУ Здравствен Дом на Скопје

 

Биографија на Вулнет Селими

Директор на ЈЗУ Здравствен Дом на Скопје

 

Датум и место на раѓање: 01.05.1985 година, Скопје

Место на живеење: Скопје

 

ОБРАЗОВАНИЕ

Вулнет Селими своето образование го започнал во ОУ „Панајот Гиновски“ потоа продолжува  во гимназијата „Зефлуш Марку“ во Скопје. Неговото понатамошно образование продолжува  на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје каде што  се здобива со звање дипломиран економист.

Професионално искуство

По завршувањето на студиите, Селими ја започнува својата кариера во областа на бизнисот и менаџментот. Меѓу најважните фази во неговата кариера се:

Finessa Jewellery – Финеса компанија за накит (2018 – 2021)

Како основач и директор на компанијата Finessa Jewellery, Вулнет Селими успешно ја водеше компанијата во период од 5 години. Во оваа улога, тој разви и спроведе оперативни и стратешки цели, подобрувајќи го позиционирањето на фирмата на пазарот и придонесувајќи на зголемувањето на  профитот.

ZM Media (2022 – 2023)

Со успешна транзиција од позицијата директор во индустријата за накит, Вулнет Селими беше назначен за проект менаџер во ЗМ Медиа. Во овој период, тој координираше и раководеше со различни проекти, придонесувајќи за нивниот успех и зголемување на имиџот на компанијата на пазарот.

Вештини

Вулнет Селими се издвојува по високите лидерски и организациски способности. Тој покажал исклучителни вештини за управување. Посебни се достигнивањата во неговата специјална област. Со силни комуникациски вештини и постојана посветеност на развивање на своите вештини, тој имал значајно влијание во секоја работа што ја извршувал.