(+389) 3134485

Бул.Крсте Мисирков 28, Скопје bul. Krste Misirkov 28, Skopje

ноември 7, 2019

Новости

Пожарникарите се обучуваат да даваат прва помош

Скопските пожарникари се обучуваат да даваат прва помош на повредени  во сообраќајки или во случаи кога има повредени при гаснење на пожари. До сега, во Македониај има 25 парамедици , а се очекува бројот на обучени пожарникари да расте.

Обуките , противпожарникарната бригада на град Скопје ги спроведе заедно со невладината организација „Линкакрос“, американски обучувачи за парамедикал и Брзата помош на Град Скопје.

Годинава,  во предавањата се вклучени и Здравствениот дом Скопје со тројца лекари за прва помош .

Оваа година нема да има нови обуки за парамедикал , но обучени се 18те новопримени пожарникари кои се подготвени да даваат прва помош на повредени. Со овие обуки и тренинзи ќе се олесни работата на екипите на брзата помош.