(+389) 3134-534

Бул.Крсте Мисирков 28, Скопје bul. Krste Misirkov 28, Skopje

јануари 30, 2020

Новости

Инсталација на дигитален рентген апарат за радиографија на скелет

Во присуство на претседателот на Демократската унија за интеграција, г-дин Али Ахмети, градоначалникот на општина Чаир, г-дин Висар Ганиу, претставници на Владата и Министерството за здравство, остваривме работна посета во Поликлиника Чаир со директорот на Здравствен Дом Скопје, дипл. екк. Бесим Кока.
За обезбедување на повисоки стандарди и квалитет во службата за радиодијагностика, во Поликлиника Чаир инсталиравме дигитален рентген апарат за радиографија на скелет.
Покрај промоцијата на дигиталниот рентген апарат, го посетивме и кабинетот за магнетна резонанца кој за прв пат фунционира на ниво на Домот и секако го посетивме и комплетно реновираниот пункт за вакцинација односно делот за најмалите корисници на здравствени услуги.
Денес, ја споделивме големата вест за отпочнување на реализацијата на ветената детска клиника, со процес на надградба на две нивоа во рамките на Поликлиниката во Чаир.
Продолжуваме и понатаму посветено да обезбедуваме брзи и квалитетни здравствени услуги.