Делокруг на работа: Вршење на превентивни здравствени услуги на спортисти.
Начини и форми на раководење: Стручен колегиум со главен здравствен работник и со другите работници во службата заради спроведување и унапредување на здравствената заштита.
Раководител: д-р спец. Весна Трајческа Локвенец
СЛУЖБА ЗА ПРЕВЕНТИВНИ И здравствени услуги на спортисти
О.Е. СЛУЖБА ЗА ПРЕВЕНТИВНИ И ЗДРАВСТВЕНИ УСЛУГИ НА СПОРТИСТИ
А. Одделение за функционална дијагностика – одредување на здравствената состојба, физички развиток и функционални способности истражување на исхраната( изготвување на диетни препораки).
Б.Одделение на биохемиско хематолошка лабораторија
Служба за превентивни И здравствени услуги на спортисти претставува превентивна и куративна специјалистичка здравствена организација и се грижи за зачувување на здравјето на активните учесници во натпреварувачкиот спорт, како и на рекреативците и останатата популација која сака да се занимава со дополнителна физичка активност.
1. а) Здравствена контрола на спортисти кои се занимаваат со натпреварувачки спорт, поранешни спортисти и рекреативци и други, преку вршење на специјалистички спортско-медицински систематски прегледи за следење на здравствената состојба, физичкиот развој и функционалните способности на срцево-садовниот и белодробниот систем.
б) Изготвување програми за дозирана физичка активност на лица со одредени хронични болести во консултација со лекари од други специјалности.
2. Проценка на здравствената состојба, физичкиот развој и функционалните способности на заболени и повредени ученици и студенти, а во врска со нивната способност за следење на редовната практична настава по предметот физичко воспитување.
3. Дежурства на спортски манифестации и натпреварувања.
4. Учество во изготвување на здравствени правилници на спортските сојузи и федерации,
5. Учество и организација на стручни состаноци, семинари, конгреси.
6. Учество во работата на здравствени комисии на спортски сојузи и федерации и Македонскиот Олимписки Комитет.
7. Соработка со Македонскиот Олимписки Комитет, Спортскиот сојуз на Македонија, Сојузот на спортови на град Скопје.
8. Во Заводот се изведува и практична настава за специјализација на специјализантни по спортска медицина.
Грижата за здравјето на спортски активната ученичка и студентска популација пред се е во надлежност на Државата и Институциите предвидени со позитивните законски и подзаконски акти.
УСЛУГИ НА СПОРТСКО-МЕДИЦИНСКИТЕ ПРЕГЛЕДИ
Р.бр | ФЗЛ1 | Назив на здравствена услуга |
1 | ЕКГ | |
2 | Хематолошки статус | |
3 | Уринарен статус без седимент | |
4 | Антропометриски статус | |
5 | мислење |
Р.бр | ФЗЛ2 | Назив на здравствена услуга
|
1 |
Стрес тест-ЕКГ-ВО2 максимум |
|
2 |
Хематолошки статус |
|
3 |
Уринарен статус без седимент |
|
4 |
Комплетна спирометрија |
|
5 |
Антропометриски статус |
|
6 | мислење
|