(+389) 3134-534

Бул.Крсте Мисирков 28, Скопје bul. Krste Misirkov 28, Skopje

ноември 5, 2017

Новости

ВТОР НАУЧЕН СИМПОЗИУМ „ДЕНОВИ НА ПРЕВЕНТИВНА МЕДИЦИНА“

На Вториот научен симпозиум “Денови на превентивна медицина”, Претседателот на Македонското здружение за медицина на трудот и Директор на најголемата превентивна здравствена установа во Македонија Здравствен дом Скопје,Др.спец. Злате Мехмедовик, порача дека внимателно ќе ги слуша сите проблеми, но пред се решенија, за кои ќе се потруди да добијат свое светло на денот, во рамки на неговите надлежности.
Решение број еден е превентивната медицина да се стави на врвот на приоритетните политики во здравствениот систем. Тоа мора да се направи за нашите деца, на кои им должиме здрав начин на живот, здрава животна средина, здрави навики, здрав дух, со еден збор-Здравје.