Скопските пожарникари се обучуваат да даваат прва помош на повредени во сообраќајки или во случаи кога има повредени при гаснење на пожари. До сега, во Македониај има 25 парамедици , а се очекува бројот на обучени пожарникари да расте.
Обуките , противпожарникарната бригада на град Скопје ги спроведе заедно со невладината организација „Линкакрос“, американски обучувачи за парамедикал и Брзата помош на Град Скопје.
Годинава, во предавањата се вклучени и Здравствениот дом Скопје со тројца лекари за прва помош .
Оваа година нема да има нови обуки за парамедикал , но обучени се 18те новопримени пожарникари кои се подготвени да даваат прва помош на повредени. Со овие обуки и тренинзи ќе се олесни работата на екипите на брзата помош.