На денешната промоција, министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче и директорите на ЈЗУ Здравствен Дом Скопје, др. спец. Виктор Исјановски и дипл. екк. Бесим Кока им посакаа успешен почеток на 7 доктори и 42 медицински сестри кои ќе започнат со шестмесечна платена работа во превентивните служби и службата за Итна медицинска помош во ЈЗУ Здравствен Дом Скопје.
За граѓаните на целата територија на град Скопје и околните населени места, овој проект во кој се ангажирани доктори и медицински сестри е од особено значење бидејќи е со цел за зајакнување на капацитетите во делот на примарната здравствена заштита.