Малку солзи не се на одмет кога се работи за здравјето, посебно за нашите најмили. Утрово првооделенецот Максим син на директорот на ЈЗУ Здравствен Дом Скопје др. спец. Виктор Исјановски ја прими ре-вакцината МРП во диспанзерот Карпош.
Имунизацијата претставува едно од најзначајните достигнувања на јавното здравство во денешно време. Вакцините го спасуваат животот на децата и може да го запрат ширењето на болестите. Научен факт е дека вакцините дејствуваат и дека тие се безбедни. Всушност, тие се повеќе од безбедни — со нив може да се спаси живот!
Токму затоа сите ние треба да дадеме свој придонес и да помогнеме да се шират информациите дека вакцините навистина даваат резултати!