(+389) 3134-534

Бул.Крсте Мисирков 28, Скопје bul. Krste Misirkov 28, Skopje

мај 10, 2020

Новости

Пријавување за стручен испит

Лекарската комора на Република Северна Македонија во изминатите месеци (март, април и мај) поради прогласувањето на пандемијата со Ковид-19 и прогласената вонредна состојба во државата не спроведуваше полагање на стручниот испит.

Со цел нормализирање на процесот на полагање на стручниот испит Лекарската комора се подготвува во наредниот период, почитувајќи ги протоколите и сите досега изречени мерки за заштита од коронавирусот од Владата, да започне со негово организирање.

Поради тоа, ги повикуваме докторите на медицина кои треба да полагаат стручен испит да се пријават во Комората на емаил: strucen@lkm.org.mk или lkm@lkm.org.mk најдоцна до 05.06.2020 година.

Пријава и потребни документи: http://lkm.org.mk/mk/zapis.asp?ID=290