(+389) 3134-534

Бул.Крсте Мисирков 28, Скопје bul. Krste Misirkov 28, Skopje

ноември 2, 2023

Новости

За една недела од почеток на вакцинацијата, пријавени се 51.649 граѓани

Со почетокот на вакцинацијата против сезонски грип, Министерот за Здравство, Фатмир Меџити ја посети поликлиниката Бит Пазар.

“Ме радува фактот што граѓаните покажуваат голем интерес за вакцинација против сезонски грип, за една недела од почеток на вакцинацијата, пријавени се 51.649 граѓани, а имунизирани до сега се над 10.000 лица.Дека процесот на вакцинација тече во најдобар ред се уверив и лично при денешната посета на вакциналниот пункт „Бит-пазар“, кој е еден од 39те пунктови низ државата каде што се аплицира оваа вакцина.Верувам дека позитивниот тренд ќе продолжи бидејќи вакцинација против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција на грип, која спречува појава на потешки компликации, особено кај ризичните групи.Сезонските вакцини се безбедни и ефикасни и играат значајна улога во намалувањето на ширењето на заразните болести, а кога се во прашање ризичните групи може да значат и спас на живот”, пишуаваше министерот Меџити во неговата страна на ФБ.