(+389) 3134-534

Бул.Крсте Мисирков 28, Скопје bul. Krste Misirkov 28, Skopje

Profile details

  • Experience

    20 години

  • Degress

    Дипломиран економист

  • Address

    3766 Washburn Street Baton Rouge, LA 70805

Дипломиран економист

Директор на ЈЗУ Здравствен Дом на Скопје

 

 

Г-дин Бесим Кока е роден на 27.03.1977 год. во Скопје каде ги завршува, основното образование во 1992 година и средното образование, Гимназија „Зеф Љуш Марку“ во 1996 година. Во 2004 година дипломира на Економскиот факултет на Државниот Универзитет во Тетово. Во завршна фаза му се постдипломските студии од областа „Финансии“ на Економскиот факултет.

Работното искуство го гради со професионален ангажман како:

Регионален Координатор за Емергенција и одговорен за Финансии и Администрација во Save the Children – SEE Програма – Република Косово (1999-2005);

Од 2005-2009 година е Директор на „СТАР Груп“ ДОО Скопје (фабрика за производство на пелени). Во 2009 година е избран за Директор на ЈЗУ Свети Наум Охридски – Скопје и функцијата ја извршува сé до 2011 година. Од 2011 година ја извршува функцијата Директор на ЈЗУ Здравствен Дом на Скопје

На професионален план се надоградува со обука за: Емергенција и заштита, Софија – Република Бугарија; Спречување на поделба на децата во емергенција, Најроби – Кенија; Компетенции во Администрација, Скопје – Република Македонија;

Полиса на Одбрана на правата на децата, Охрид – Република Македонија;

Institutional donor fundraising strategy работилница, Приштина – Република Косово; Професионално пишување 18 часа курс АУК, Приштина – Република Косово: САН (Сметководствен систем), Софија – Република Бугарија; Програма за Менаџмент и Лидерство во Здравство, (Министерство за Здравство на Република Македонија).

Г-дин Бесим Кока има успешно положен испит за Менаџмент и Лидерство во Здравство (Министерство за Здравство на Република Македонија) и Авансирана обука за Менаџмент и Лидерство во Здравство.

Во текот на својата досегашна  кариера, Г-дин Кока работел на мулти етнички и мулти културни проекти. Тој е добар работник во група, во позиција на менаџирање на група како лидер на тимот или член на група менаџирана од други. Сака да работи во група каде што има взаемна почит помеѓу колегите и во релаксиран амбиент, кој што придонесува во остварувањето на подобри резултати на вработените кои партиципираат во групата.

Вршејќи ја задачата Менаџер за подолг период и менаџирајќи со лица од различни профили, докажан е како добар координатор и помагач на колегите. Истовремено може да реши разни проблематики,  земајќи ги предвид времето и објективите кои треба да се постигнат. Покрај секојдневните задачи кои што произлегуваат од работата во група со цел успешно реализирање на целта, Г-дин Кока успешно менаџира проекти финансирани од странски и домашни фондови.

Г-дин Кока поседува компјутерски способности во: MS Word, MS Excel, Outlook, Power Point, Internet. Покрај албанскиот како мајчин јазик зборува и македонски ,англиски и турски јазик.Поседува сертификат  B2 за англиски јазик.

 

Г-дин Бесим Кока е семеен човек и  татко на три деца.

 

3-134-485

declanfarrell@qtcmedia.com