(+389) 3134-534

Бул.Крсте Мисирков 28, Скопје bul. Krste Misirkov 28, Skopje

Profile details

  • Experience

    14 години

  • Degress

    Доктор специјалист по медицина на трудот

  • Address

    Road Isle of Palms New York 03828

Доктор специјалист по медицина на трудот

Докторант по Јавно здравје

Претседател на Македонското здружение за медицина на трудот

Директор на ЈЗУ Здравствен Дом на Скопје

 

 

Д-р Злате Мехмедовиќ е роден на 18.11.1976 год. во Скопје.

Работното искуство како доктор му започнува во 2005 година кога се вработува во Службата за работа во трета смена, празници и недели при работната единица на Итната медицинска помош. Работи и како Медицински Координатор за Roma Health Assistance Project организиран од ИОМ од 2007-2008 година. Во 2015 година се стекнува со звање доктор специјалист по медицина на трудот и започнува со работа во Поликлиниката МВР во рамките на Здравствен дом Скопје. Во 2016 година се запишува на докторски студии од областа на Јавно здравје кои сега се во завршна фаза. Во 2017 година е избран за Претседател на Македонското здружение за медицина на трудот. За член на националниот комитет за имунизација е избран во 2018 година. Член на Асоцијацијата на менаџери на Македонија од 2018 година.

На професионален план има поминато обуки за: Тренинг за кариера, Тим билдинг, Обука за вештини за градеење на тим, Сертификат за Личен став и Лидерство, Специјалистички интернационален сертификат од  Европскиот центар за Мир и Развој за Подготовка, планирање, евалуација, имплементација и менаџирање на проекти во здравството.

Искуството на Д-р Мехмедовиќ со проекти кои се мултиетнички е големо. Тој одлично менаџира со човечки ресурси, знае да биде добар лидер, но и да соработува во група каде што тимската работа е најважна. Исклучително ја цени взаемната почит помеѓу колегите и се труди да креира пријатна работна средина, што резултира со подобри резултати на вработените во организацијата.

Во овој краток период како ја врши функцијата здравствен менаџер  се докажа како добар координатор и човек кој што ги подржува своите вработени. Лесно се справува со сите проблеми од медицинска,правна и економска природа со кои секојдневно се сретнува во рамките на организацијата која ја раководи,  и тоа го прави квалитетно, ефикасно и ефективно.

Д-р Мехмедовиќ поседува компјутерски способности во: MS Word, MS Excel, Outlook, Power Point, Internet.

Покрај македонскиот како мајчин јазик, Д-р Мехмедовиќ зборува англиски, германски, грчки и италијански јазик. Поседува сертификат за Високо ниво C1 Bulats (Business Language Testing Service) меѓународно признат испит на Одделот за сертифицирање на англиски јазик при Универзитетот Кембриџ наменет за компании, организации и високо образовни институции.

 

222-333-2323

example@example.com