(+389) 3134485

Бул.Крсте Мисирков 28, Скопје bul. Krste Misirkov 28, Skopje

Служба за примарна, превентивна и стоматолошка здравствена заштита „Карпош“

а) Ординации за предучилишни и училишни деца и поливалентна патронажа

б) Ординации за стоматолошка заштита на деца до 14 години

в) Ординации за примарна здравствена заштита

Делокруг на работа: Пружање на примарна здравствена заштита, превентивна и стоматолошка здравствена заштита на деца до 14 години и вршење на поливалентни патронажни посети на населението од сите возрасти.

Начини и форми на раководење: Стручен колегиум со главен здравствен работник и со вработените во службата заради спроведување и унапредување на квалитетот на здравствената заштита. 

ПОЛИКЛИНИКА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

  • Др. Јанура Ѓорѓи

    Специјалист педијатар

  • Др Катерина Стаменковска

    Специјалист по примарна здравствена стоматолошка заштита (раководител на ОЕ -служба за ПЗЗ Карпош )

  • Др.Весна Тројнко

    Специјалист по болести на уста и парадонт

     

    • Др. Билјана Николовска

      Доктор на медицина

    • Др. Ирена Јанакиевска

      Доктор на медицина

    • Др. Лорета Антовска

      Доктор на стоматологија

    • Др. Геновева Спирова

      Доктор на стоматологија

    • Др. Василка Стрезовска Трендафиловска

      Доктор на стоматологија

    • Др. Надица Дебарлиева

      Доктор на стоматологија

    • Др.Тања Мицковска

      Доктор на стоматологија

    • Др. Весна Јовановска

      Доктор на стоматологија

    ПОЛИКЛИНИКА БУКУРЕШТ

    • Прим. Др.Гордана Тодоровска

      Специјалист по детска стоматологија

    • Др.Венера Митревска

      Специјалист по педијатрија

    • Др.Светлана Лазаровска Гоговска

      Доктор на медицина

      О.Е. Карпош- Служба за ПЗЗ Карпош

             О.Е. Служба за ПЗЗ Карпош во состав на Ј.З.У. Здравствен Дом Скопје е организирана како основна единица за спроведување на превентивна здравствена заштита на предучилишни и училишни деца, превентивни стоматолошки прегледи и примарна здравствена заштита на населението на територија на три општини Карпош, Ѓорче Петров и Сарај со приградски населби и околни села.

      Раководител на Служба за ПЗЗ Карпош – Д-р.спец. Катерина Стаменковска

                Здравствената заштита на О.Е. Карпош – Служба за ПЗЗ Карпош се спроведува во следните објекти

                 Пол. Ѓорче Петров

                 Пол. Букурешт

                 Диспанзер Карпош

                 Здр.с Козле ( ПЗУ)

                 Здр.с Тафталиџе ( ПЗУ)

                 Здр.с  Влае ( ПЗУ)

                 Здр.с  Ѓорче Петров 2 ( ПЗУ)

                 Здр.с с. Долно Свиларе (ПЗУ)

                 Здр.с с. Рашче (ПЗУ)

                 Здр.с с. Радуша (ПЗУ)

                 Здр.с с. Бојане ( ПЗУ)

                 Здр.с с. Копаница ( ПЗУ)

                 Здр.с с. Буковиќ ( ПЗУ)

                 Здр.с с. Глумово ( ПЗУ)

       

      О.Е. Служба за ПЗЗ Карпош се состои од

       Ординации за превентивна здравствена заштита на предучилишни и училишни деца

       Ординации за детска и превентивна стоматолошка заштита  на деца од 0 до 14 год.

       Поливалентна патронажа

      Oрдинации за здравствена заштита во трета смена, недели и празници

      Ординација за итна стоматолошка помош

      Административна и техничка служба

       

      1. Во Ординациите за превентивна здравствена заштита на предучилишни и училишни деца се врши редовна имунизација според календар за имунизација и систематски прегледи, издавање на медицински потврди за деца за запишување во предучилишни и училишни установи. Важен сегмент претставува и здравствената едукација и просветување според возраста на детето.

       

      Пол. Ѓорче Петров     раб.време 07.30-15.00ч    тел. 02/2031 022

       Пол. Букурешт            раб.време 07.30-15.00ч    тел. 02/3064 088

       Диспанзер Карпош     раб.време 07.30-15.00ч    тел. 02/3068 804

      1. Во Ординациите за превентивна стоматолошка здравствена заштита се вршат систематски и контролни прегледи, залевање на трајни и млечни заби, издавање на стоматолошки потврди за упис во 1во одделение. Неизоставен многу важен сегмент е и стоматолошката индивидуална едукација и воспитување како на децата така и на целокупното население.

       

      Пол. Ѓорче Петров      раб.време 07.30-20.30ч   тел. 02/2031 022  

       Пол. Букурешт             раб.време 07.30-20.30ч   тел. 02/3064 088

       Диспанзер Карпош      раб.време 07.30-15.00ч   тел. 02/3068 804

      1. Поливалентната патронажа е кадровски способна за давање на

      – превентивни услуги во семејството

      -решавање на многу социо-медицински проблеми

      – планирање на дневни посети каде приоритет имаат новородените, доенчињата, мали деца, бремени жени, родилки и лица над 65 годишна возраст

      -следење со посебен акцент на вулнерабилни групи, деца со посебни потреби, социјални случаи и др.
       

      Пол.Ѓорче Петров        раб.време 07.30-15.00ч  тел. 02/2031 022

      Телефон за директен контакт од 07.30 до 09.30 часот

      1. Ординација за здравствена заштита во трета смена, недели и празници

      Пол.Ѓорче Петров    раб.време 19.30-07.30

                                               недели и празници 24часа

      1. Ординација за саботни дежурства во прва и втора смена

      Пол.Ѓорче Петров  раб.време 07.30-19.30ч

      1. Ординација за итна стоматолошка заштита која работи во трета смена, недели и празници

      Пол. Ѓорче Петров   раб.време 19.30-07.30

                                          недели и празници 24 часа

       

           Во објектите кои се во состав на О.Е. Карпош Служба за ПЗЗ Карпош функционираат и следниве и специјалистичко-консултативни ординации и кабинети и тоа

                                                                                         

      Ординација за интерна медицина – 07.30-20.30ч

      Ординација за ОРЛ – 07.30-15.00ч

      Ординација за дерматовенерологија – 07.30-15.00ч

      Ординација за неврологија и психијатрија – 07.30-20.30ч

      Ординација за електромиографија (вторник и четврток) – 08.00-14.00ч

      Ординација за физикална рехабилитација – 07.30-20.30ч

      РТГ кабинет со ехо дијагностика – 07.30-19.30ч

      Биохемиска лабораторија  – 07.30-20.30ч

      Логопедски кабинет ( од понеделник до четврток) – 08.00-14.30ч

      Инсулинска аптека – 07.30-15.00ч

      Пункт на Фонд за здравствено осигурување на Македонијa – 08.00-16.00ч

            Како и приватни здравствени установи ( ПЗУ) по општа медицина-матични лекари, педијатрија, гинекологија, општа стоматологија и ортодонција.

          

      Информации на телефоните

      Пол.Ѓорче Петров  централа   02/2031 022 

                                        управа/факс     02/2041 625

      Пол. Букурешт  централа    02/3064 088                                  

      Диспанзер Карпош                02/3068 804

       

      О.Е.Карпош Служба за ПЗЗ Карпош

      е-маил адреса  oe.karpos@gmail.com