(+389) 3134485

Бул.Крсте Мисирков 28, Скопје bul. Krste Misirkov 28, Skopje

Служба за примарна, превентивна и стоматолошка здравствена заштита „Кисела Вода“

а)Ординации за предучилишни и училишни деца и поливалентна патронажа

б)Ординации за стоматолошка заштита на деца до 14 години

в)Центар за следење на деца родени со ризик фактор

Делокруг на работа: Пружање на примарна здравствена заштита превентивна и стоматолошка здравствена заштита на деца до 14 години, вршење на поливалентни патронажни посети на населението од сите возрасти и следење на деца родени со ризик фактор. 

Начини и форми на раководење: Стручен колегиум со главен здравствен работник и со вработените во службата, заради спроведување и унапредување на квалитетот на здравствената заштита. 

ПОЛИКЛИНИКА ЈАНЕ САНДАНСКИ

  • Др. Боре Радевски

    Раководител, Стоматолог

    • Др. Благородна Пројкоска

      Специјалист по детска и превентивна стоматологија

    • Др. Виолета Галевска

      Специјалист по детска и превентивна стоматологија

    • Др. Бојана Дореска

      Стоматолог

       

       

    • Др. Љубица Трајковска

      Специјалист по детска и превентивна стоматологија

       

       

    • Др. Ана Тавчиоска

      Стоматолог

       

    • Др. Верица Петковска Најдова

      Специјалист по семејна медицина

       

    • Др. Наташа Дамјаноска

      Стоматолог

       

    • Др. Маја Георгиева Јанчева

      Стоматолог

       

       

    • Ирена Митровска

      Психолог

    • Вера Мајсторова

      Доктор по стоматологија

    ПОЛИКЛИНИКА ДРАЧЕВО

    • Др. Наташа Миланова

      Специјалист по детска и превентивна стоматологија

       

    • Др. Гордана Попникова

      Општа медицина

       

       

       

    • Др. Цвета Илијевска

      Општа медицина

       

       

    • Др. Светлана Манчева

      Општа медицина

       

       

       

          ОЕ-Служба за ПЗЗ- Кисела Вода, во состав на ЈЗУ Здравствен дом на Скопје- Скопје во рамките на организационата поставеност  на ЈЗУ Здравствен дом на Скопје е организирана како основна единица за укажување превентивна  здравствена заштита на предучилишни и  училишни деца  како и превентивни систематски прегледи на вработените, овозможува здравствена заштита на населението од општина Аеродром, Кисела Вода, Сопиште, Студеничани и Зелениково. Раководител на ОЕ е д-р Боре Радевски

    Здравствената заштита во ОЕ – Служба за ПЗЗ- Кисела Вода се спроведува во следниве објекти:

    • Поликлиника Јане Сандански
    • Поликлиника Драчево
    • з.с Лисиче
    • з.с 11 Октомври
    • з.с Пелагонија
    • з.с Црниче ( ПЗУ)  
    • з.с Ракотинци (ПЗУ)
    • з.с Батинци
    • з.с Студеничани
    • з.с Количани
    • з.с Зелениково

    ОЕ- Служба за ПЗЗ- Кисела Вода се состои од:

    • Отсек за превентивна здравствена заштита на предучилишни и училишни деца
    • Отсек за детска и превентивна стоматолошка здравствена заштита
    • Ординација за стоматолошка здравствена заштита во трета смена,   недели и празници
    • Отсек за поливалентна патронажа
    • Служба за Медицина на труд
    • Техничка служба

    1.Во отсекот за превентивна здравствена заштита  на предучилишни и училишни деца се врши редовна имунизација според календар за имунизација и систематски прегледи,се издаваат медицински потврди за запишување во предучилишни и училишни установи,се врши здравствено просветување според возраста на детето.

    Пол.Јане Сандански  раб.време : 07.30- 15 ч.  Телефон 02/ 2463-277

    Пол. Драчево  раб.време : 07.30- 15 ч.  Телефон 02/ 2795-112, 2795-11        

      2. Отсекот за превентивна стоматолошка здравствена заштита  на деца и младинци  опфака комплетно стоматолошко просветување ( демонстрација на правилна хигиена на усната празнина)  како и превентивно залевање  на првите трајни молари.

    Пол.Јане Сандански  раб.време : 07.30- 20 ч.  Телефон 02/ 2463-277

    Пол. Драчево  раб.време : 07.30- 20 ч.  Телефон 02/ 2795-112, 2795-111 – 07,30-14,30ч.

    з.с Лисиче раб.време : 07.30- 14.30 ч. 

    з.с Пелагонија раб.време : 07.30- 14.30 ч. 

    3. Во рамките на Пол. Јане Сандански функционира Ординација за  дежурна стоматолошка заштита која работи во трета смена, недели и празници.

    Телефон: 02/ 2463-277
    Работно време: 19:00 – 07:30; недели и празници 24часа

    4. Поливалентна патронажна е самостоен отсек, кој кадровски е оспособен за давање на превентивни услуги на  семејството, како и решавање на сите позначајни социјално-медицински проблеми кои се јавуваат во семејството. Во ППС работат  патронажни сестри и акушерки.Патронажните сестри просторно се сместени во поликлиника Јане Сандански и Пол.Драчево. Секој работен ден  од 07:30 – 09:30, достапни се телефонски за контакти и договори, советување, планираат дневни посети со семејствата и контактираат со другите институции.Теренска работа – посети во семејстата: каде приоритет се посетите на новородените, родилките, бремените жени, доенчињата, мали деца, лица над 65 години старост. Особено ги следат вулнерабилните групи, децата со посебни потреби и др.Напоредно со работата во семејствата службата се организира   здравствено воспитна работа во заедницата, соработка со Центрите за социјални грижи и Црвениот крст.

    Пол.Јане Сандански   телефон  02/ 2463- 060

    Пол.Драчево   телефон  02/ 2796- 571

    5. Во Служба за медицина на трудот  – Поликлиника Јане Сандански согласно законските обврски се вршат систематски – превентивни прегледи на вработени , проверка на здравјето преку:

    -Лабораториски испитувања со биохемиски анализи,
    -Комплет  преглед од специјалист по медицина на трудот со оценка (мислење) за здравствената            состојба и работната способност на секој работник.
    – Специјалистички преглед од интернист со ЕКГ,
    – Офтолмолошки преглед,
    –  Оториноларинголошки преглед
    – Психолошко тестирање
    – Невропсихијатриски преглед,
    – Спирометрија
    – Аудиометрија,
    – Рефрактометрија( очен компјутер),

    Во Службата за медицина на трудот организиран е и кабинетот за алергиски испитувања со современа лабораторија која  дијагностицира  алергии.

    Служба за медицина на труд – работно време од 07.30- 15 ч. Телефон 02/ 2460-440

    Во објектите кои се во состав на ОЕ Служба за ПЗЗ Кисела Вода функционираат и следниве специјалистичко консултативни ординации и кабинети:

          Поликлиника Јане Сандански:

    • Инсулинска аптека
    • РТГ кабинет со Компјутерска томографија, ЕХО дијагностика и др.ртг дијагностики        
    • Ординација за очни заболувања
    • Ординација за ОРЛ
    • Ординација за дерматовенеролошки заболувања
    • Ординација за неврологија
    • Ординација за ортопедија
    • Ординација за физикална рехабилитација
    • Ординација за интерни болести – оваа ординација од 2018 год започна со работа со нов ЕХО апарат ( ЕХО на срце и ЕХО на стомак)
    • Биохемиска и алергоимунолошка лабораторијa
    • Центар за дијабет
    • Центар за депресија ( секој четврток од 15-20ч)
    • Дежурен педијатриски пункт ( 19.30- 23ч , недела и празници од 08-23ч)
    • Логопед ( понеделник- четврток 08- 15ч)
    • Ординација за здр.заштита во ноќна смена, недели и празници и пункт на ИМП

    И  приватни здравствени установи (ПЗУ – матични лекари) општа медицина, педијатрија, гинекологија и стоматологија.

    Поликлиника  Драчево :

    • Инсулинска аптека  
    • РТГ кабинет со, ЕХО дијагностика и др.ртг дијагностики
    • Ординација за ОРЛ ( вторник и петок)
    • Ординација за дерматовенеролошки заболувања
    • Ординација за неврологија и психијатрија
    • Ординација за интерни болести
    • Биохемиска лабораторија
    • Логопед
    • Ординација за здр.заштита во ноќна смена, недели и празници и пункт на ИМП
    • И  приватни здравствени установи (ПЗУ – матични лекари) општа медицина, педијатрија, гинекологија и стоматологија.

    Секојдневни  информации за било кој тип на здравствена заштита може да се добијат преку телефоните:   

    Пол. Јане Сандански: Централа :  02/ 2463- 277     2464-997   2462- 297       2464- 291      Управа :  2460 -628

    Во Пол. Драчево :   ;Централа :   02/ 2795-111     2795- 111

    ОЕ   СЛУЖБА ЗА ПЗЗ КИСЕЛА ВОДА     е-маил адреса :   poliklinikajanesandanski@yahoo.com

    pol.drachevo@hotmail.com