(+389) 3134485

Бул.Крсте Мисирков 28, Скопје bul. Krste Misirkov 28, Skopje

Служба за здравствена заштита на мајки и деца

Делокруг на работа: Вршење на здравствена дејност од областа на здравствената статистика. 

Начини и форми на раководење: Стручен колегиум со работниците во службата заради спроведување и унапредување на квалитетот на здравствената дејност. 

Мисијата на Заводот за здравствена заштита на мајките и децата (ЗЗЗМД) е да го заштити и унапреди  здравјето и благосотојбата  на мајките и децата во Р.Македонија.

Зошто мајките и децата?

Унапредувањето на здравјето на мајките и децата како две најранливи популациони групи, продолжува да биде еден од најважните приоритети на владите на секоја модерна држава. Република Македонија има направено многу во подобрувањето на здравствениот статус на мајките и децата и има постигнато значаен напредок во редукцијата на матерналната, доенечката смртност и смртноста на децата. Овие здравствени индикатори го отсликуваат не само здравствениот статус на населението во целост туку претставуваат и важни показатели на квалитетот на здравствениот систем на земјата. Иако здравјето на мајките и децата навидум претставуваат различни предизвици, тие се нераскинливо поврзани и во нивното унапредување Заводот за здравствена заштита користи интегриран пристап, почнувајќи од планирање на семејството, грижа за време на бременоста и породувањето, грижа за време на перинаталниот и доенечкиот период, периодот на раното детство како и периодот на адолесценција.

Историјат на Заводот

Заводот за здравствена заштита на мајки и деца е основан 1957 година со одлука на Владата на СРМ и со финансиска помош од УНИЦЕФ. Со интеграцијата на Здравствен Дом Скопје во 1971 година, заводот стана работна единица на Здравствен Дом – Скопје и со своите активности се вклучи поинтензивно во спроведување на превентивните активности на подрачјето на градот Скопје, но и понатаму продолжи да ги исполнува задачите на државно ниво.

 Активности:

Заводот преку својата работа во доменот на есенцијалните јавно-здравствени функции, обезедува интегриран и холистички пристап во унапредување на здравјето на овие две највулнерабилни групи население, преку следниве активности:  

Следење на здравствената состојба и заштита на мајките и децата

  • Следење, обработка и анализа на податоци од виталната и здравствената статистика во доменот на здравствената заштита и состојба на мајките и децата  во Р.Македонија
    §Развивање на системи за мониторирање на индикаторите на здравствениот статус на децата во однос на социјална нееднаквост и социоекономски субгрупи
    §  Следење на стапката на смртност на доенчиња и стапката на перинаталната смртност во Р.Македонија, 
    §  Предлагање на мерки за унапредување на здравјето на децата, адолесцентите и жените во репродуктивен период.
    §  Изготвување на информација за здравствената состојба на жените и децата во Р.Македонија

Јакнење на капацитетите на здравствените работници

  • Континуирани тренинзи и работилници за едукација на поливалентните патронажни сестри за сите аспекти на безбедното мајчинство (семејно планирање, антенатална заштита, грижа за мајката и новороденчето во постнаталниот период, советување за доење и комплементарна исхрана, правилен раст и развој на новороденчињата и малите деца вклучувајќи ги и децата родени со ризик  како и  за аспектите на здравјето на  адолесцентите и совети на жените за потребата од редовна грижа за репродуктивното здравје
  • Континуирани тренинзи и работилници за преветивните тимови кои работат со деца од предучилишна возраст вклучувајчи ги и децата родени со ризик од областа на промоција на ексклузивно доење, правилна исхрана, ран детски  развој, рационална употреба на антибиотици, значењето на редовната имунизација во унапредување на здравјето, превенција од повреди во раното детство итн..

 Здравствено-промотивна дејност

  • Здравствено-воспитни предавања и работилници за деца од училишна возраст. Предавањата се изведуваат во средните училишта по класови со користење на современи интерактивни  методи. Темите се од областа на превенција на ризично однесување (употреба и злоупотреба на супстанци, ризично сексуално однесување, превенција на сексуално преносливи инфекции, превенција на тинејџерска бременост, насилно однесување).
    §Изготвување, печатетње и дистрибуција на здравствено-промотивни пишани материјали: прирачници, водичи, брошури, летоци и постери наменети за здравствени работници, родители, адолесценти и други групи на население со цел унапредување на здравјето на мајките, децата и адолесцентите.
  • Учество во јавно-здравствени кампањи, како одбележување на Европската Недела на имунизација, Светската недела на доење и др.

Учество во креирање на политики за унапредување на здравјето на мајките и децата

  • Учество во изготвување на стратешки документи во доменот на сексуалното и репродуктивното здравје (програми, акциони планови, стратегии, упатства)
  • Учество во истражувања и информирање на креаторите на политики и давање предлози и препораки за унапредување на постоечката пракса, политики и легислатива во доменот на безбедното мајчинство.

Јакнење на социјалната партиципација преку соработка со граѓански здруженија, здруженија на жени, ромски невладини здруженија

  • Учество во заеднички активности, како истражувања, работилници, активности за застапување, обуки, трибини, работни состаноци итн. со цел поголема соработка со претставниците на граѓанските здруженија, заедницата и граѓаните и инкорпорирање на нивните предлози во креирање на политиките кои го засегаат здравјето на мајките и децата.

Зошто сме  присутни ?

– Во Македонија постојат над 500.000 жени во репродуктивен период и над 500.000 мали деца и адолесценти
– Секоја година се раѓаат околу 24.000 бебиња
– Над 500.000  деца и адолесценти  секоја година имаат потреба од заштита на нивното здравје од заразни заболувања но и од бихејвиорални ризик фактори
– Голем број на семејства со мали деца  имаат потреба од подршка во нивните настојувања да обезбедат здрав почеток на живот  на нивните новороденчиња и  подршка во обезбедување на нивниот оптимален раст и развој  
– Околу 300 000 адолесценти имаат потреба од социјална  подршка во унапредување на нивното сексуaлно  и репродуктивно  здравје како и примена на здрави животни стилови кои обезбедуваат квалитет на живот во адултната возрaст

Кои се целите ?

– Континуирано обезбедување на ефективни и ефикасни превентивни здравствени услуги кај децата и жените од репродуктивен период поврзани со безбедно мајчинство и правилен раст и развој на децата.
– Зголемување на достапноста, квалитетот и одржливоста на услугите од превентивна здравствена заштита на мајките и децата.
– Зајакнување на капацитетите на родителите, членовите  на потесното семејство и локалната заедница во унапредување на  раниот детски развој во рамките на семејството.
– Ублажување на влијанието  на  социјалните детерминанти (сиромаштија и социјална нееднаквост) врз развој на неповолни здравствени индикатори кај мајките и децата.
– Зајакнување на капацитетите на локалните заедници  заради обезбедување на широка социјална подршка во севкупните напори за подобрување на здравствената сосотојба на мајките и децата

– Понатамошно намалување на стапката на смртност на доенчињата и малите деца.
– Намалување на перинаталната смртност.
– Целосен опфат на децата со имунизација.
– Целосен опфат  на бремените жени со квалитетна антенатална заштита
– Целосен опфат на бремените жени со породувања со стручна помош и мерки за перинатална заштита на родилките.
– Подигање на нивото на информираност на родителите за принципите на правилен раст и развој на децата.
– Зајакнување на капацитетот на Заводот за прибирање и раководење со епидемиолошки податоци кои се потребни за креирање на ефикасни Програми за унапредување на здравјето на мајките и децата.

Нашата визија …

Преку разни активности и програми, Заводот настојува во иднина да креира амбиент во кој:

  • Сите бремености  ке бидат планирани.
    • Сите жени ќе достигнат оптимално ниво на здравје потребно за здрава и безбедна бременост.
    • Ниедна жена нема да се соочи со тешко оштетување  на здравјето или смрт поради бременост и породување.
    • Сите бебиња ќе се родат здрави.
    • Сите деца и адолесценти ќе достигнат оптимално ниво на здравје и благосотојба.
    • Сите жени,  новороденчиња, мали деца и адолесценти ќе имаат пристап до квалитена здравствена заштита  вклучувајќи ги услугите од областа на планирање на семејството,  заштита  за време на бременоста и породувањето, мониторирање  на растот и развојот кај децата и зајакнување на вештини кај адолесцентите за примена на здрави животни стилови.
    • Жените,  децата и семејството се високо вреднувани.
    • Елиминација на сите нееднаквости во здравјето.

Заводот за здравствена заштита на мајки и деца и неговата место  во унапредување на здравјето во текот на целиот животен век

 

 

majki i deca